Балкан

Миконос прескап дури и за Канаѓани: Пар дојден на меден месец за едно пиво, аперол и 12 остриги платиле 400 евра

Еден пар од Канада кој дошол на меден месец на Миконос вечно ќе ја памети вечерата на

плажа.
Лекс и Линдзи Брин нарачале едно пиво, коктел и десетина остриги и платиле повеќе од 400 евра. Тие ја споделија својата приказна за да ги предупредат другите за ваквите изненадувања.

Веднаш прашаа „сакате ли остриги? Беа многу дрски. Нарачавме 12, како што беше предложено, мислејќи дека тоа е вообичаено. Алекс нарача пиво, а јас побарав мени за коктел.Конечно, ми донесе пластифицирано парче хартија со наведените видови алкохол, но без цените и вистинските имиња на пијалоците. Затоа нарачав Aperol spricz“, раскажува таа.

Кога дошло време за плаќање, парот тврди дека персоналот не им ја донел сметката, туку го повикал Алекс во „задната соба“ да плати. На екранот на компјутерот му ја покажале сметката која била на грчки јазик и изнесувала над 400 евра.

Иако бил шокиран, Алекс ја платил сметката за да избегне конфликт, тврди Линдзи.

„Тој се чувствуваше заплашено. Тој е најдобриот човек, па дури и ако сметката беше двојно поголема, веројатно ќе ја платеше за да ја избегне расправии. Беше прилично лудо. Мило ми е што не се скаравме бидејќи можеше да заврши полошо за нас“-заклучи невестата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.