Некатегоризирано
Мијалков од затвор во кафеана
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков вечерва беше ослободен. Пред затворот „Скопје“ во Шутка го чекаше еден од синовите заедно со обезбедувањето. Од затвор тој замина во еден скопски локал, каде беше во друштво со најблиските пријатели. Таму беше и сопругата Сандра и нивната пријателка Боте која вели: „Лојалноста е многу важна“. Пријатели на ексдиректорот на УБК, за „Репортер“ ни потврдија дека Мијалков кратко останал на пијалак па си заминал дома.
Одлуката на судиите беше дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода. Уважена е жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“.
