МИЈАЛКОВ ЌЕ БИДЕ ВО КУЌЕН ПРИТВОР САМО ЕДЕН МЕСЕЦ, ТОЈ Е ОБВИНЕТ ЗА ПОЛЕСНО ДЕЛО, ПРОЦЕНИ АПЕЛАЦИЈА
Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Сашо Мијалков, неправосилно осуден на три години затвор во „Титаник 2“, и му го замени притворот во затворот во Шутка со куќен притвор до правосилност на пресудата.
Основниот суд Скопје 1 на 8 март го осуди Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело што им се става на товар на луѓе на моќни функции, во случајов како поранешен директор на УБК, кои замолуваат или наредуваат на други функционери и лица за да сторат кривично дело.
Но, одлуката за куќен притвор за Мијалков е до правосилност на пресудата, но најдолго 60 дена, сметано 8 март за него. Тогаш му беше изречена пресудата во Основниот суд Скопје 1. Мијалков по еден месец ќе биде на слобода, затоа што за него не е поднесено обвинение, туку обвинителен предлог, појаснуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Скопска апелација, според кој предвидената казна е помала, од една до 5 години затвор.
Веднаш по изрекување на пресудата на 8 март, Мијалков и Ибраими беа спроведени во притвор во затворот во Шутка.
