СветСпорт

Меси каков што не го познавате: Не гледа телевизија, обожава слатки, оваа храна никогаш не ја јаде, а ова го прави секогаш кога си доаѓа дома!

Аргентинецот Лионел Меси без сомнение е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња, но малку се знае за неговиот приватен живот, и животот надвор од теренот.

Тој е оженет, и е татко на три деца, а ова се дел од навиките и работите кои му се рутина.

Штом ќе се вратам дома, првото нешто што правам е да ги соблечам чевлите на влезот. Тоа го правам и кога одма на гости. Едноставно тоа е само навика, изјави тој во една прилика.

Неговото мени за исхрана вклучува многу овошје и зеленчук, маслиново масло, но ништо не можеше без квалитетно месо.

Тој бега од се што е прскано или на кој било начин избегнува храна која е збогатена со пестициди или хербициди. За професионалните спортисти таа храна е „смрт“. Аргентинците и Уругвајците познато е дека сакаат многу да јадат црвено месо. Мислам дека тие две нации јадат најмногу месо во светот и за тоа треба да се води сметка, изјави италијанскиот нутриционист Џулијано Позер, кој своевремено соработуваше со Меси.

Меси сака скара, а една од омилените работи му е асадото. Тоа е еден вид аргентинско јадење на скара, а додека тој има честа навика да избира италијански тестенини. Тој исто така сака и слатки.

Сладолед, чоколадо, колачи… Всушност, сè што е слатко, открива Меси.

Најважната работа во животот на Меси му преставува семејството. Лео има сопруга Антонела и три сина – Тијаго (9), Матео (6) и Чиро (3).

Ние не гледаме телевизија и не гледаме телевизиски канали. Само кога има натпревар. Остатокот од времето сакам да гледам серии на стриминг сервери. Воопшто не гледаме обична телевизија, објаснува Аргентинецот.

Немам многу слободно време, но кога можам, се трудам времето да го поминам играјќи си со децата. Сакаме да останеме дома и само да уживаме. На појадокот, секогаш сакам целото семејство да биде заедно и сите да бидат на нивното место. Се восхитувам на сопругата, и тоа колку добро ги организира нашите животи. Таа е секогаш добро расположена и подготвена да помогне, а исто така е многу интелигентна и „силна“ на многу полиња, изјави Лео за Антонела и децата.

На крајот на денот Меси секогаш мисли за утрешниот ден и активностите кој го следуваат.

Пред спиење секогаш подготвувам се што ќе ми биде потребно на масата за утре. Затоа во денот влегувам подготвен, совет од фудбалерот Лионел Меси за успешен ден.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:00 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.