ЗабаваТОП

МЕНЧЕ И МЕРИ МУ СЕ СИПАА НА ФИЛИПЧЕ, АХ ТАА ГЕТЕВА ВИ БОДЕ ОЧИ БЕЕЕЕ, ЗАБОЛЕ ВАС ЗА ЗДРАВСТВОТО ЗА МАНДАЛОТО ВЕ БОЛИ

Новинарката Менче Атанасова Точи, која веќе неколку години ги анализира состојбите во здравството на својот ФБ профил излезе со тврдење дека ова што се случува со КОВИД-19 во Македонија е тотален хаос и распад на здравствениот систем.

-Ова е тотален хаос и распад на здравствениот систем. Толку имам да кажам!!!, напиша искусната новинарка.

Според неа, прво треба да се постави човек на влез на Клинички што ќе ги упатува пациентите со Ковид каде да се јават на преглед.

-И наместо да се занимаваат со жолти и зелени зони, прво да си постават човек на влез во клинички што ќе ги упатува пациентите со ковид каде да се јават на преглед. Кажале на телевизија, ве молам, додава Точи.

Mepи Jopдановска: Луѓето бyквaлно се ocтавени сами на себе, имаме министер кој без образ нè лaжe сите

(ФБ статус на новинарката Мери Јордановска)

Се си има свој пик, а здравствениот систем во моментов го доживува најлошиот, најгрозоморниот.

Луѓе по 8 часа бараат брза помош, нема. Луѓе кои го губат здивот, луѓе на кои за неколку часа им се влошува состојбата до степен да губат свест. Брза помош НЕМА. Се бараат врски, познати, се моли секој, за да бидат примени во болница.

Во приватните болници има листа на чекање и тоа само ако имате илјадници евра да ги изброите на рака. Не на рати. Не на одложено. Сега и одма. И повторно нема да бидете примени веднаш, туку ако се ослободи кревет. Можеби и предоцна.

Луѓето се оставени сами на себе. Цела среќа што постои ФБ група каде патем има над 8 илјади членови – си помагаат, си делат совети, во отсуство на совет од друг.

Дел од матичните лекари не креваат слушалка, не прегледуваат. Немаш кого да прашаш што да се напиеш, дали е нормално што те болат бубрезите, дали е нормално што 10 дена не ти спаѓа температурата, дали е нормално што си ослабел 9 кила за 7 дена, дали е нормално што ти излегуваат модринки.

Терапијата за сите е иста. Copy – paste. Антибиотици, антибиотици, антибиотици и витамини кои коштаат грдни пари.

Персонал нема.

Луѓето се оставени сами на себе, буквално.

Имаме министер кој вели дека „ситуацијата е под контрола“ и без образ не лаже сите до еден.

Ситуацијата е далеку од „под контрола“. Ситуацијата е комплетно излезена од контрола. Можеби е така секаде, но јас живеам тука и секојдневно слушам туѓи судбини, како последица на ова чудовиште од вирус.

Секој кој не верува, нека ме избрише веднаш од пријатели и никогаш да не ми се обрати.

Луѓе, внимавајте на себе и на своите најблиски. Не знаеме какви последици остава ова чудо, ниту пак знаеме кој може да настрада фатално.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.