Колумни

Мега криминал со амин на владата на РМ на АД „Илинден“ Струга наречен „Македонски просветители“!!!

извор Охрид скај

Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ во Охрид постана синоним на глупоста и криминалот во Северна Македонија. Главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид треба да го  реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски на РСМ ,асо финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка,на светлост на денот ги исплива сите криминогени активности аминувани од Влада на РСМ и сите надлежни испекторати!

ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ НА УНЕСКО ОХРИД ПРЕТВОРЕН ВО ДЕПОНИЈА!

Доколку се оди по Закон, Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција , не треба да чека Маслинка, за веднаш да отвори предмет и започне истрага за совршен криминал на македонски начин.

Општина Охрид свечено во Ноември месец ги одбележи почетоците на работа за реконструкција на улицата Македонски Просветители.изведувач на работите од страна ан Влада на РСМ Министерство за Транспорт и врски ,избрана е струшката фирма „Илинден“Струга, патем без која фирма не може ниту да се замислат било какви работи во Општина Охрид во последните 10 години, но за тоа малку подолу во текстот.

1.Според закон за градба ,изведувачот на работите е должен да постави Табла на почетокот на Градилиште,со натпис кој е инвеститор, изведувач, име на проектот,предвиден рок за градба, нешто што воопшто го нема.

2.Изведувачот на работите должен е да го обезбеди граделиштето со поставување на соодветни заштитни табли,како би се спречило движење на шешаци , возила низ предметното градилиште, нешто што воопшто го нема.

3.Изведувачот е должен сите остранети материјални добра , сопственост на Општина Охрид и на државата РСМ, по остранувањето од градилиштето соодветно да ги депонира на безбедно место,а не да стојат расфлани низ необезбеденото градилиште!

ФАЛИЧЕН ПРОЕКТ ТЕЖОК 1 МИЛИОН ЕВРА ПОФАЛИЧЕН НАДЗОР КОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НА ГРАДИЛИШТЕ!!!

Главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид треба да го  реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта”-Македонско Просветители тежи 1 милион евра народни пари.Од Почетокот на градежните активности,ако моѓе така да се наречат , на градилиштето се поставени еден Багер-„цепелин“ од 50-тите години, еен паркиран камион веќе втор месец и едно валјаче,работник никаде ниту еден повеќе од 1 месец!

Овластен надзор кој треба да се грижи за целиот градежен објект е’ фирмата „ГЕИНГ“ Скопје,од каде не се појавил ниту едно овластено лице на градежниот објект „Македонски Просветители“ во Охрид , кој согласно Закон фирмата „ГЕИНГ“ Скопје како овластен надзорен орган, бил должен да на фирмата изведувач му ги посочи сите пропусти во работењето, и ако фирмата изведувач не изврши обезбедување на градилиштето што е главен услов за почеток на градежни работи,да побара од Инвеститорот во случајот Влада на РСМ, раскинување на договорот со фирмата изведувач.

Никаде нема сообраќајно решение како ќе се движат пешаци и возила во вакви услови, во самиот проект нема поставување на Улично Осветлување,како и нема посатвување на поддземна инфраструктура.поточно целокупниот проект има фалинка или се правел на врат на нос да се соберат предизборно дебела паричка?!

Она што најповеќе изненадува и што преставува најсмешна ставка во целокупниот проект „Реконструкција на улица Македонски Просветители“ ,преставува поставување на Гранитни плочки со дебелина од 10 цм, врз подлога од Тампон?!??? На ваквата глупост се чудат сите градежни работници и малку поупатени граѓани на РСМ , со оглед на фактот што на вака поставениот Гранит предвидено е да се движат возила со тежина од 15 Тони на Оска!? На вака прескапо поставени гранитни плочки ,на подлога од фракција ,а не на мршав бетон, гранитните плочи ке испукаат и ќе пропаднат веднаш по првото движење на возила и камиони, нешто што веќе подолго време е рак рана и на поставениот гранит во охридската чаршија, кеде има мал сообраќај на возила за дотур на стока,а каде половина гранитнинплочи се комплетно искршени-уништени.

АД Илинден Струга не извршил обебзедување на градилиштето на улица „Македонски Просветители“, надзорниот орган фирмата „ГЕИНГ“ Скопје не постапила согласно своите законски овластувања, во проектот нема подземна инфраструктура, нема улично осветлување, што само по себе значи дека овој проект е една голема перилница на пари.Исто така и по два месеци од започнување на градежните работи , градилиштето наликува на необезбедена депонија,а дококу се случи некое несакано дејствие, пад и повреда на пешак, сообраќајна незгода, тогаш сметката за повреди и уништување на добро , ќе падне на терет на Општина Охрид.Интересно ќе биде од април месец кога започнува туистичката сезона, кога оваа сега голема депонија од градилиште ,ќе изврши стопирање на сите пристапи кон стариот дел на Охрид на стока и патници….

ПродолжуваНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен опис

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.