МакедонијаТоп2

Меџити до Петковски: Поштеди го СДСМ да не ги повтори твоите грешки од минатото!

ИМАШ ПРОБЛЕМИ СО МЕМОРИЈАТА ЕЈ СТАРО МАГАРЕ ТИТО

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 21:41 (+02:00)

Ако не ја научи грешката од поразот на претседателските избори во 1999 година, поштеди го СДСМ овојпат да не ја повтори твојата грешка, му порача потпретседателот на ДУИ Изет Меџити на лидерот на НСДП Тито Петковски, кој деновиве изјави дека барањето за Албанец-премиер е да се воведе друг општествен систем.

„На претседателските избори во 1999 година изјави дека немаш потреба од гласовите на Албанците. Во првиот круг имаше предност од 123.000 гласови над починатиот Трајковски, но по твојата изјава, на вториот круг изгуби со 60.000 гласови разлика од Борис Трајковски. Ако за себе не научи од лекцијата од 99-та, барем поштеди ги твоите коалициони партнери од истата грешка“, напиша Меџити на фејсбук.

Тој додава дека ДУИ е политичка академија со, како што вели, легитимни, аргументирани и одржливи барања.

„Ако ти имаш проблем со меморијата и ги забораваш политичките настани од минатото, сакам да те потсетам дека токму ти во 2006 година му заврте грб на СДСМ и ги прати во опозиција, поддржувајки го ВМРО и ДПА, со што му го трасираше патот на Груевски, и ја прегази вољата на албанските гласачи. Останатото е историја“, пишува Меџити.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker