Балкан

Масакар во Цетиње, најмалку 11 убиени: Си го убил семејството, па пукал во луѓето на улица

Семеен конфликт причина за масакарот во Црна Гора, напаѓачот пукал и во деца

Денеска се случи крвав масакр во Цетиње, а според неофицијални информации, Вучко Бориловиќ (34) го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и убивал луѓе еден по еден, а неколкумина од нив биле ранети.

Според се уште непотврдени информации, во масакрот загинале повеќе од 11 лица, меѓу кои и деца.

Полицијата го убила напаѓачот. Тој наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен од полицијата.

Причината за крвавиот масакр е најверојатно семеен конфликт. Полицијата се уште нема официјално соопштение.

Од РТЦГ информираат дека покрај 11-те загинати, итно се хоспитализирани шест повредени лица.

Единаесет лица се убиени и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње, а црногорската полиција го уби напаѓачот.

Во населбата Медовина во Цетиње, убиени се 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврди полицијата на РТЦГ.

Црногорскиот јавен радиодифузер јавува дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката е убиен.

Во болницата во Цетиње се хоспитализирани четворица повредени, а двајца се во Клиничкиот центар во Подгорица.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 34-годишен маж, кој пукал и во деца.

Тој дел од градот е блокиран, зголемено е присуството на полицијата, а се собраа и голем број локални жители.

Од очевидци на местото на настанот РТЦГ дознава дека напаѓачот се движел низ населбата и пукал во граѓани кои случајно се нашле таму.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.