Македонија

Марковски: Високата смртност од ковид-19 е и поради грешките во лекувањето

Професорот Марковски смета дека досега требало да се направи скрининг кај децата.

Смртноста во Македонија е загрижувачка и се прават многу грешки во лекувањата, изјави инфектологот Вело Марковски, во изјава за ТВ Сител. Тој рече дека досега требало да се направи и  скрининг кај децата што ќе не чини многу во наредниот период.

– Од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици тогаш станува збор за бактериска инфекција, пациентите мора да се лекуваат доктринарно – смета Марковски.

Тој рече дека смртноста во Македонија од 333 случаи на милион жители е многу висока, а во регионот е застрашувачки многу висока. Грција има 33 случаи по милион жители што од нас е десет пати помалку, Албанија, Бугарија, се над 100-110, Србија е со 80 случаи. Само осум држави во Европа на милион жители имаат повисока смртност од Македонија и од 215 држави во светот само 18.

Според него, досега требаше да се направи скрининг кај децата што според него ќе не чини многу во наредниот период.

– Ние не направивме скрининзи кај децата и тоа многу ќе не чини во следниот период, дали тие имаат антитела, дали случајно прележале корона вирус. Ако децата не се разболуваат тие не можат ни да го пренесат вирусот – вели Марковски.

Тој рече дека не постои механизам детето да го фати вирусот дома и да го пренесе, значи треба да се разболи или да се инфицира за да го пренесе на возрасните, а ПЦР методата не е добра за масовни тестирања и не е дава добри резултати.

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 22:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.