Колумни

МАКСО ФРОНТАЛНО ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СЕ ОТВОРИ СТАРАТА БИТКА КОЈ Е ШЕФ У КУМАНОВО

СПАСОВСКИ ДА СИ ВИДИ ЗА ДРОГАТА, ДА НЕ СЕ СЕКИРА ЗА СРЕДОРЕК „За наше Куманово“ му држи лекција на министерот за внатрешни Под водство на градоначалникот Максим Димитриевски, општина Куманово во Средорек во изминатите три години направи капитални инвестиции и целосно го смени ликот на населбата.

Иницијативата „За наше Куманово“ се огласи со реакција на изјавите на министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски, во која се изразува „длабоко жалење за тоталното непознавање на состојбите и реализираните проекти во општина Куманово“.

Во реакцијата се вели:

„За да бидат работите појасни, изјавата на министерот Спасовские е дадена при отворање на штаб во населба Средорек, токму од улицата која е целосно изведена нова канализациона мрежа и е асфалтирана од страна на општината и градоначалникот Максим Димитриевски. Општина Куманово во населбата Средорек во изминатите три години направи капитални инвестиции и целосно го смени ликот на населбата, со изведба на нова канализација, асфалтирање и бекатонирање на главната и на сите споредни улички.

Со тоа ги реши децениските комунални проблеми на граѓаните во оваа населба, кои на секои избори наназад добиваа празни ветувања од Спасовски, којшто и денеска вешто се обидува да манипулира со нив.

Најдобриот суд ќе го дадат граѓаните на 17 октомври. Тогаш министерот ќе сфати кој на кого треба да се извини. Го повикуваме министерот, наместо притисоци врз граѓаните на општина Куманово и злоупотреба на системот на МВР во изборни цели, да се посвети на својата работа, за да не ја носи Македонија на столбот на срамот, во која инспектори од МВР ќе бидат апсени на граници со огромно количество на дрога и психотропни супстанци во службено возило на министерството, како и да го расчисти случајот со бројните опожарувања во Куманово и во целата држава“.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 04:35 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.