Македонија

Македонците ce cpaмaт oд Заев: Ти cи мaлoyмeн глyпaк, зa вaквoтo пoнижyвaњe тpeбa дa oдгoвapaш kpивичнo

Не стивнуваат реакциите и револтот на граѓаните откако вчера премиерот на владата Зоран Заев во интервју за бугарската БГНЕС кажа дека Република Македонија има заедничка историја со Република Бугарија, како и дека Гоце Делчев основоположникот на македонската револуционерна организација е заеднички херој со источниот сосед.

Заев револтот на граѓаните дополнително го подгреа и со погазување на Партизаните, изјавувајќи дека Бугарите не биле окупатори туку администратори на територијата на Република Македонија а со тоа израмни со бандити.

На социјалните мрежи врие од негативни коментари за владата на СДСМ и премиерот Заев по ваквите изјави, а граѓаните пишуваат дека не постои нормален Македонец кој не се срами од Заев, додека пак други велат дека ваквата изјава на Заев е класично решетење на историјата како и дека со ова ќе излезе дека всушност ние сами на себе сме си биле окупатори.

Еден прашува дали Заев и власта се добри со паметот, и дали ова значи дека Бугарите од љубов го стрелале братот на неговиот дедо во село Ваташа.
Додека пак друг граѓанин смета дека Заев е идиотот за кој Бугарија и Грција чекаат векови и векови да се роди, пишувајќи дека таков малоумник како него еднаш се раѓа.
Револтот и загриженоста на граѓаните е огромна поради сервилноста и понижување на македонскиот народ и македонските национални интереси, укажувајќи дека во нормална земја негирањето на фашизмот е кривично дело, како и дека доколку Македонија беше држава а не северџанска вукој*бина Заев ќе бил уапсен и спроведен веднаш во Шутка после интервјуто кај Бугарите.

Имено, за ова реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи ги граѓаните денеска во 18 часот да излезат на протест кој ќе започне од СЦ Борис Трајковски па се до владата, искажувајќи го револтот на интервјуто на Заев, порачувајќи дека нема македонец кој не почувствувал срам од изјавите на Заев како и дека потребно е масовно излегување на улиците сега за подоцна да не биде предоцна запазувајќи ги сите мерки за заштита од корона пандемијата.

Прочитајте дел од реакциите на граѓаните:



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 22:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.