ЖивотСпорт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихо Костадинов ја запроси девојката на концерт: „Ја попитав и не ме пошљака“ (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихо Костадинов ја запроси девојката на концерт: „Ја попитав и не ме пошљака“ (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов ја однесе девојка му на концерт на познатиот светски бенд „Coldplay“ во Варшава, Полска. Тихо таму  настапува за прволигашот „Пјаст Гливице“.

За време на изведбата на еден од хитовите на славниот бенд,  фудбалерот ја запросил својата девојка  на трибините, а веста ја соопшти на приказните на својот Инстаграм профил со најактуелната шега овие денови.

„Ја попитав и не ме пошљака“  – напишал шеговито Тихо на фотографијата на која неговата сакана ја покажува раката на која осамна вереничкиот прстен, кој блеска во салата како и светлата од ѕвезденото небо направено со мобилните телефони при изведбата на една од најпознатите песни на групата.

Неговата девојка – сега веќе свршеница исто така среќна и насмеана од уши до уши со фотографија на која го покажува вереничкиот прстен ја потврди веста. Епа, нека им е со среќа!

Фото: Инстаграм принтскрин/tihokostadinov10



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.