Живот

МАКЕДОНСКИ ПИЛОТ ОТВОРИ ПЕКАРА „ЈУГОСЛАВИЈА“ ВО СИНГАПУР СО СОПРУГАТА

Пекара со европски колачи е реткост во Сингапур, а уште поретки се пекари како „Југославија“ , именувана по земја што веќе не постои. Отворена од македонската двојка Митре и Катерина Крајовски, пекарата нуди традиционална храна од овие простори на локалците во Сингапур.

Крајовски првин отворија кафуле, а потоа се проширија со пекара во април годинава.

„Ова не е обична комерцијална пекара. Правиме домашните рецепти за кои е потребно подолго време да се подготват, но така се подобри. Правиме слатки кои обично се прават кога има некоја прослава“, вели 53-годишниот Митре.

Јадењата кои ги прават Митре и Катерина често се прават за посебни прилики во македонските домови, како имендени. Тој на Сингапурците им објаснува што е христијанската традиција именден и како се слави.

„Каниме пријатели и роднини, може да ви дојдат 30 до 50 луѓе и трае цел ден“, вели Митре.

Тој работи како пилот за Сингапур Ерлајнс и лета авион Боинг 777.  Во Сингапур е преселен пред 17 години. Катерина е економист, но не сакала да работи во канцеларија, па отвориле пекара. Митре ѝ помага на Катерина во кафулето и пекарата секогаш кога не лета.

Најпопуларни јадења во нивната пекара се бурек со јогурт, кифлички, погача, Васина торта, бајадера, баклава и орасници.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.