Колумни

Македонски олигарх им платил 14 милиони евра на неколку бугарски политичари за да предизвикаат политичка криза во Македонија!?

ИЛИ ОРЦЕ ИЛИ ЗАЈКО НЕМА ТРЕТ

Еден македонски олигарх им платил 14 милиони евра на неколку бугарски политичари за да предизвикаат политичка криза во Македонија. Ова за емисијата Во Центар, која ќе се емитува вечерва во 22 часот, на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави Петар Богојески од Македонскиот концепт.

Според Богојески олигархот има блиски односи со Софија и Москва и целата операција е реализирана преку седиштето на ГРУ во Софија.

Во целата операција е вклучен еден бугарски европратеник, еден бугарски дипломат и советник на повеќе бугарски премиери, како и еден бугарски министер кој го контролира работењето на бугарските служби.

Тие јас спроведуваат стратегијата на “длабоката држава” во Бугарија која е под контрола на старите комунистички кадри и на Москва, вели Богојески.

Богојески не ја исклучува можноста дека таа екипа ја има спроведено операцијата Рекет која требаше да прерасне во голема политичка криза и во последен момент да ја спаси мафијата од судските процеси.

Според Богојески во моментот Бугарите имаат 150 соработници во Македонија кои работат за бугарските служби. Еден од нив е со псевдоним или кодно име Зорка и тој е главен бугарски играч во криминалот со бугарските пасоши. За тоа се води истрага во Македонија и во Бугарија, вели тој.

Најголем дел од тие соработници на бугарските служби се во исто време и соработници на старите југословенски служби како УДБА и КОС, вели Богојески.

Според него на чело на целата операција е бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов. Тој е дел на таа “длабока држава” во Софија под контрола на Москва.

Неговата задача е да предизвика политичка криза во Македонија, да биде запрен процесот на влегување на Македонија во ЕУ, а македонската мафија да се спаси од судските процеси!?

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 06:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.