Македонија

Македонски моќници и фирми од Прага ја градат зградата кај МНР

dupkamnr2-777x437

Контроверзите се чини одат рака под рака со проектот „Скопје 2014“. Од парите и тендерите, до естетските, урбанистичките и идентитетските прашања. А во поново време, по поплавите, контроверзите прејдоа и во сферата на безбедноста на луѓето кои циркулираат во тој тесен појас покрај брегот на Вардар кој „пука“ од згради, мостови и споменици.

Последната од нив ни покажа езеро од фекалии веднаш до новата барокна зграда на Факултетот за драмски уметности, спроти зградата на Министерствто за внатрешни работи.  Езерото од фекалии алармираше опасност од појавување на свлечиште кое би можело да има фатални последици по соседната зграда на ФДУ.

Она што го издвојува ова градилиште од другите објекти од проектите од „Скопје 2014“ кои се наоѓаат на овие парцели во строгиот центар на градот, е тоа што оваа идна зграда до ФДУ има приватен инвеститор. Ова е еден од ретките објекти каде што инвеститор не е некој како Министерството за култура, кое сака да гради стар театар, туку „приватњак“ кој добил атрактивна парцела помеѓу зградите од „Скопје 2014“ и ќе гради деловен објект.

НОВАТВ истражуваше кои се луѓето кои овде добиле земја и дозвола да градат деловен објект. До имињата дојдовме, но до одговорните не.

И зад инвеститорот и зад изведувачот стои бизнисменот Тони Каранфиловски, човекот чии фирми во Македонија го добија целиот бизнис со изградба на гасоводот во РМ во износ по повеќе од 100 милиони евра.

Надзорот спушта слушалки

По поплавата од фекалии во јавноста струеја прашања зошто одговорните државни и локални инспекции на време не излегле на терен. Како инвеститорот останал неказнет и покрај непочитувањата на законите, како обврската да постави табла со истакнати називи на изведувач, инвеститор и надзор.

Откако се создаде проблемот, „ЈП Водовод и канализација“ завчера најави тужба за изведувачот на зградата како и барање за оштета за направена штета. Оттаму велат дека ископот за зградата се наполнил со фекалии бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор.

Од општина Центар, пак, велат дека градежните инспектори денеска го доставиле решението за прекин на градба до фирмата „Рапид билд“, која сега смее да работи единствено на санирање на ископот и јамата.

Работниците со кои поразговаравме додека правевме фотографии на градилиштето ни рекоа дека причина за поплавата била пукната цевка.

Иако се обидовме да добиеме коментар од фирмата „Рапид Билд“која е изведувач на овој објект, оттаму љубезно не одбегнаа тврдејќи дека директорот бил на пат. Прашања по електронска пошта испративме и до Каранфиловски и до „Рапид Билд“, но до објавувањето на овој текст одговори нема.

Се обидовме да добиеме коментар од компанијата која е надлежна за надзор на градежното место – „Поинт Дизајн“, но откако се претставивме на одговорниот и кажавме за што ги бараме, ни спуштија слушалка. Ѕвоневме повторно, но потоа не ни одговараа.

Фирма од Прага поседува половина од фирмата инвеститор

Инвеститор во овој проект е компанијата „Волис Проперти ФЛ“, додека изведувач е „Рапид Билд“. Во „Рапид Билд“, Тони Каранфиловски преку неговите семејни компании „Детоил“ (бензински пумпи низ Македонија) и „Квалитет-пром“ (гасоводот)  ги има речиси сите удели заедно со братот и таткото. Додека во фирмата-инвеститор „Волис Проперти“, Каранфиловски има и друштво од други компании и физички лица.

Документите од Централниот Регистер покажуваат дека ко-сопственици оваа компанија покрај „Квалитет – Пром“  се Зоран Антиќ и фирмите „Квалитет – ПРОМ ДООЕЛ“ од Куманово и „Билдинг Капитал“ ДООЕЛ Скопје. Антиќ и Каранфиловски имаат по 25 проценти од уделите во оваа фирма, додека мнозински сопственик со 50 проценти е „Билдинг Капитал“ чија сопственост е во Прага, Чешка.

Сопственик пак на другата фирма – „Билдинг Капитал“ е фирма од Прага, наречена „Буилд Фасхион гроуп“.

НОВА провери во бизнис регистарот на Чешка и според тамошните податоци, фирмата “Build fashion group” е основана на 11 септември  минатата година или неколку дена пред основањето на фирмата во Скопје.  Нејзин сопственик и управител е Зоран Костадиновски.

Повеќе за Каранфиловки прочитајте во оваа сторија на НОВА.

„Оне.Вип“ ќе се сели во деловниот објект?

Општина Центар вчера соопшти дека на градилиштето спроти зградата на МНР се гради деловен објект. Неофицијално дознаваме дека во овој деловен објект всушност ќе биде сместена административната зграда на компанијата „Оне.Вип“.

Преземено од НОВА тв линк до оригиналот тука

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 06:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.