Некатегоризирано

МАКЕДОНСКИ ИЗВРШИТЕЛИ И НОТАРИ СОРАБОТУВААТ СО БУГАРСКАТА И РУСКАТА МАФИЈА !!!

МЕГА АФЕРА : МАКЕДОНСКИ ИЗВРШИТЕЛИ И НОТАРИ СОРАБОТУВААТ СО БУГАРСКАТА И РУСКАТА МАФИЈА !!!
„ Insider Macedonija / Инсајдер Македонија „ истражувајќи ја работата на Министерството за правда и контролата на работата на извршителите и нотарите за чија надзор е со закон задолжено, дојде до фрапантни информации според кои криминални банди во судовите поврзани со адвокатски, нотарски и извршителски канцеларии одземале и префрлале во земјава и странство готови пари и имоти вредни десетици и стотици милиони евра а сето тоа го прикривале наводно со законско извршување. Секако после почетничкиот скандал на Тупанчевски кој падна и пред да стане министер и досега требаше да си поднесе оставка, неговото наследство од Заев и Маричиќ, а и тие пред нив заслужува сериозно внимание !
Во кругот на криминалот во кој извршителите биле клучниот елемент се вклучени поединци, адвокати, фирми, нотари, судии се до банки на чии сметки парите привремено биле префрлани за потоа да исчезнат во непознат правец, најчесто надвор од Македонија кај фирми кои потоа биле бришени од регистрите! Истото се случува со години и во Македонија каде еден период а и сеуште се активни фирми за наплата кои од банките откупуваат вештачки надувани долгови за потоа на криминален начин или со закани, парите или имотот да бидат одземени, потоа продадени а огормни парични средства да завршат надвор од земјава !
При обработката на граѓаните жртви и делбата на „пленот„ , извршителите, адвокатите и нотарите на крупните играчи често и дел од властта и државниот врв им го пренесувале имотот од правни субјекти чиј капитал се мерел со десетици и стотици милиони евра, додека за себе ги задржувале обичните граѓани кои ги заглавувале со најобични сметки за комуналии, судски трошоци, сообраќајни казни или мали спорови, но, кога истите се зголемувале со „ извршителската тарифа „ износите кои ги делеле со организирана банда во судовите , на месечно ниво достигнувале десетици илјади евра по човек!
Од овие примери сосема невозможно е било кој нотар или извршител да биде санкциониран од претседателот на судот на кој му припаѓа бидејќи токму претседателот на секој основен суд решава по приговорите на должниците доколку сметаат дека во извршната постапка има повреда на Законот за извршување ! Се разбира причината е многу едноставна – и претседателот на судот на месечно ниво добива дел од „ пленот „ по предмет особено што со распоредот на судиите, одредени судии работата само на извршни налози или имотни спорови па така се апсолутни господари да си формираат своја екипа на судски вештаци и извршители со кои„оперираат и го делат „пленот „.
За почеток ! Познати се повеќе примери кога извршител ( Н.Н. ) од Скопје со години криминално наплаќал долгови за фирма од Бугарија, парите ги складирал на сметка во банка со незаконска регистрација во Скопје а потоа парите исчезнувале во непознат правец ! Секако дека извршителот за својата улога си задржувал прилично голема сума од парите , односно оној дел од обичните граѓани кои биле должни за сметки за струја, вода, рати од кредит и сл. Но, затоа банката чиј преставник живеел во едно од криминалните градчиња во Бугарија со добри врски со Руската мафија кога почувствувал дека некои личности од Скопје често му се случува да ги забележува во својата околина, ја напушта Македонија ! Но, Банката во која ги трасферирале парите сеуште е во Македонија и бидејќи, непречено работи, нема друг одговор освен дека конретната криминална банда има свој патрон и заштитник во македонскиот финансиски државен врв се до Народна банка и . . . МВР, се разбира !?
Дали македонските државни власти се плашат или се добро потплатени од бугарската и руската мафија е едно прашање,и второ дали и колку ги наплаќаат своите услуги да ја завртат главата на другата страна, меѓутоа во голема заблуда се доколку мислат дека се толкави „ финансиски експерти „ да можат да направат и сокријат криминал тежок стотици милиони евра во форми како „. . .. . ..„ ХХХХ банка „ , ЕВН Македонија „ , ЕВН Австрија, Агенција за катастер на недвижности и слични клучни институции на Македонија, особено што тековно, поради блокадите на Релација Вашингтон – Москва, се воспоставуваат нови светски финансиски системи во кои двете страни се безмилосни а македонските криминалци па и оние на министерски функции се само ситен потрошен материјал.
„ Insider Macedonija / Инсајдер Македонија „ ќе продолжи со конкретни истражувања и објавувања на информации, со имиња и презимиња на поединци и фирми кои мислат дека лесно се станува воено- политички профитер и светски криминален тајкин на сметка на својата и туѓите држави ,како и на сметка на граѓаните на својата држава !

превземено



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.