Живот

Македонската ријалити ѕвезда се сврши: Елеонора Миљковиќ кажа – ДА! Овој ми понуди 1000 еу за се*с сите други даваа по 500 ка овој е тој

Македонската ријалити ѕвезда се сврши: Елеонора Миљковиќ кажа – ДА! (ФОТО)

Македонската ријалити ѕвезда се сврши. Елеонора Миљковиќ беше запресена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска.

Чинот на запросувањето се случил вчера, четврток, 16 јуни 2002, во атарот на една позната, елитна скопска винарија, каде откако нејзиното момче по стариот добар обичај клекнаувајќи на колена и подарил скапоцен веренички  прстен и  ја побарал нејзината рака, македонската ријалити учесничка кажала – ДА!

Скопската убавица претходно со ништо не најави дека е „на чекор“ од запловување во брачните води,  што не ја исклучува можноста и самата навистина да била навистина изненадена од запросувањето, иако многумина велат дека не е баш така.

Гледајќи ги споделените фотографии и видеа на нејзините Инстаграм приказни, тврдат дека запросувањето изгледа како да било „однапред режирано“, со срце од рози на плочникот, огномет со поставени прскалки, црвени срце балони  и подготвени фотообјективи за да го овековечат чинот.

Како и да е бившата ријалити ѕвезда од „Задруга“ и едно време ТВ водителка на српската „ТВ Ред“, сексапилната инфлуенсерка и модел,  Нора го кажа своето судбоносно – ДА.

Скопската убавица веднаш се пофали со својот свршенички прстен, за кој се зборува дека е дијамантски.

Големиот букет од (само идниот зет знае колку) црвени рози и свршеничката торта во облик на црвено срце на кое е испишано: “Таа кажа да“ , биле само дополнителен дел од вереничкиот декор на идната брачна двојка.

Момчето во елегантно спортска бела комбинација, идната невеста на високи потпетици во долг, елегантен, црн летен фустан како црно-бела симболика на спротивностите кои како Плус и и минус, како половите на магнетот силно се привлекуваат.

Свршеничката веселба потоа продолжила во еден познат скопски ланч-ресторан и кафе-бар каде вереничкиот декор го надополниле и балоните, меѓу кои доминира оној во форма на свршеничкиот прстен.

За потоа да заврши  длабоко во ноќта во домашен амбиент кај идната невеста дома, поточно во дворот на семејната куќа со танци, песна и пијалак.

Дали веќе и кога е закажана и свадбената веселба, засега никој од двојката не открива. Како и да е нејкогашната задругарка, го направи првиот (пред)брачен чекор на патот наскоро да биде невеста, а со тоа да стане и нечија сопруга! Нека е со среќа!

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.