ЗабаваСекс

Македонската фолкерка е секси Тик-Токерка: Ирена Вељовска „меша“ подобро и од Карлеуша?!

Македонската фолкерка е секси Тик-Токерка: Ирена Вељовска „меша“ подобро и од Карлеуша?! (ВИДЕО)

Пејачката Ирена Вељовска е една од оние фолкерки кои први станаа Тик-Токерки… Оваа популарна апликација или социјална мрежа, што ли е веќе, најмногу беше ползувана за време на карантинот во екот на коранапандемијата, каде немајќи што друго или незнаејќи што со себе, многу од познатите личности ја искористија за разни перформанси, лудости и „егзибиции“… Да имаат како да му се прикажат на светот за публиката да не ги заборави кога веќе немаше снимања, медиумски и живи настапи или чисто онака, за да не збудалат од досада и депресија од наметнатата пресија, која навистина едвај се издржуваше.

Короната полека минува, ама навиката изгледа останува… Особено ако на неа се навлечеш, па ти е убаво, а можеби и корисно кога со ново видео на ТикТок ќе предизвикаш нов шок кај својата публика со прикажаната видеослика… и прилика!

Така и Ирена, која реши одново да изненади со ново домашно видео, потенцирајќи две нешта: Своите танцувачки способности во еротски стил и сопствениот сексапил! До душа не и е ниту прв, а веројатно ниту последен пат, зашто како што веќе рековме, Вељовска како секс бомба „експлодираше“ уште во екот на карантинот, па нејзиниот „еротски танц во три чина“, се памети и по повеќе од една година.

 

 

Имено, откако таа и нејзините колешки констатираа дека аплаузот кој толку им недостасува во моментов нема кој да им го подели, Ирена реши самата за него да се избори.

 

Та тој бил пратен и преку социјалните мрежи. Овој пат новото изненадување на пејачката од карантинот е за повеќе од аплауз, зашто нејзиниот секси танц во неколку чина, ќе се памети цела година.

 

Ирена соодветно костимирана за секое музичко парче одделно, најпрвин во едноделно секси боди ги истури своите телесни атрибути, па истакнувајќи го сиот свој сексапил, покажа колку еротски набој има во секое нејзино движење, во секој чекор од кореографијата на танцовиот декор. Без разлика дали е во прашање нејзиното секси вртење со га*ето или заносното еротско нишање на колковите, пејачката „ги скрши оковитете на моралните норми“ и покажа колку е добра во својот „говор на телото“ во сите музички форми.

 

Од дисико и поп, преку блуз и ирски танци, па се’ до латино или танцот на музиката на познати филмски теми, Ирена покажа дека е „родена за на сцена“, без дилеми! Фолкерката покажа дека може да понуди  и далеку повеќе од она на кое до сега му се посветила, зашто со секое свое еротско движење,  несомнено ги буди сите сетила!

Единствено останува дилемата: Дали кога „хормоните ќе полудат“, талентот излегува на виделина?

Погледнтет ги уште еднаш внимателно и уживајте во секој од „еротските танци на фолк ѕвездата“ од карантинот, па ако ви е фино,  како бонус видео, погледнете подолу, како Ирена танцува и латино.

 

 

Овој пат Ирена одново реши да не потсети дека е ем фолкерка, ем секси Тик-Токерка, која умее да „меша“, подобро дури и од една Карлеуша?!

Впрочем, погледнете го она што е најтазе од двете, па сами споредете…  Српската „мала од скандала“ само со минијатурна лента го покрила меѓуножјето, па со жежок еротски танц го шокираше светот: Вака „меша“ Карлеуша во тоалетот…

 

А, вака тоа го прави нашата секси фолкерка, во својот еротски танц како ТикТокерка…

Исто така пред оглеало, само во домашниот ходник, доволно разголена, а на моменти и клекната на колена:

 

 

Пејачките и амбиентот сосема различни, ама дразбата и талентот, отприлика исти: Карлеуша се извива и врти како пропелер, па меша како кујнски миксер, а наша Ирена? Некои имаат домаќинска навика да мешаат ајвар, а Ирена за „мешање“… очигледно има поинаков дар!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/irenaveljovska/karleusastar



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.