Македонија

МАЈКА Е ПРИВЕДЕНА БИДЕЈЌИ ЈА ЗАКЛУЧИЛА И МАЛТРЕТИРАЛА СВОЈА ЌЕРКА

Полицијата привелa 44-годишна мајка од Скопје за запуштање и малтретирање на својата 16-годишна ќерка.

Полициската акција била изведена по добиени сознанија и во присуство на претставници од „Меѓаши“ и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот.

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија. A во присуство на претставници од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К. (44) и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот – информираат од МВР.На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател.

Н.К. е приведена во полициска станица, а на 16.01.2021 е пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка – информираат од МВР. Од МВР посочуваат дека сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител.Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 17:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.