Колумни

Љупчо Николовски бара оставка од Лидија Димова: Зошто молчи министерот за правда Бојан Маричиќ кој беше десна рака на Димова!?

Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, напиша на твитер Љупчо Николовски, заменик на Претседателот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси.

Но тоа отвара уште најмалку две прашања.

Прво, каков е ставот на министерот за правда, Бојан Маричиќ. Маричиќ беше најблискиот соработник на Димова во Центарот за европски стратегии Евротинк. Во тој центар Димова беше извршен директор до 2013 година а потоа се повлече од приватни причини. На изборите во 2014 година Димова станува пратеник во Парламентот.

На функцијата извршен директор во Центарот за европски стратегии Евротинк ја наследува токму Бојан Маричиќ.

Во биографијата на Маричиќ пишува: Функцијата извршен директор на Евротинк ја извршува од ноември 2013 до јуни 2017 година. Потоа Маричиќ заминува во владата и во периодот од јуни 2017 до јануари 2020 година е посебен советник за евроатлантски интеграции на Претседателот на Владата на Република Македонија.

И второто прашање е крилото на Радмила Шеќеринска. Димова долги години беше еден од неколкумината најблиски соработници на Владе Милчин од Сорос.

Дури и во биографијата на Маричиќ пишува: Од септември 2009 до септември 2010 година работи како проектен координатор и аналитичар во правната програма, програмата за јавна администрација и ЕУ програмите во Фондацијата отворено општество – Македонија. Или по нашки тоа е Сорос.

Милчин има се помало или речиси никакво влијание во Сорос и веќе подолго време е силен критичар на Зоран Заев.

Заев со некои кадровски промени како да влезе во процес со расчистување на луѓето блиски на Шеќеринска и таа сорос групација на Милчин. Подготовката за отстрел на Димова ја направија луѓе блиски на Заев на фејсбук. Прво одеа со критики против Шеќеринска а потоа со брутални напади врз Димова. Дури потоа кон тие напади кон Димова се приклучува македонската опозиција и Христијан Мицкоски.

Најблискиот соработник на Шеќеринска, Дамјан Манчевски веќе не е ниту министер, ниту во владата. Откако не помина нивната стратегија Манчевски да биде генерален секретар во владата тој се повлече и од пратеничката функција.

Само Маричиќ успеа од таборот на Милчин и Сорос на време да се префрли во таборот на Заев.

Интересно е што оставка на Димова прв бара човекот од најголема доберба на Заев, Љупчо Николовски. Тоа го отвара прашањето дали Заев трга против крилото на Шеќеринска?

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 08:56 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker