КолумниТОП

ЛУДИЛО ВО БИТОЛСКОТО СУДСТВО

Во Битола има еден млад господин судија, така кренато си оди по улица, дури и грбот му е подвиткан од што оди исправен, а носот да му падни нема да го види дека му паднал. Е тој млад господин на околу 40 години, секогаш убаво дотеран и прилично љубезен, знае да се кљафти како зеленгора и да си игра мајтап со колегите адвокати. Дури и нема потреба му го спомнеме името во овој текст, оние што се од Битола, а и од околните градови веднаш ќе им текне, па нема потреба да се занимаваме со имиња, кога судскиот совет му го знае името, а се прави како да не постои. Имено, тој млад дечко има мајка виш јавен обвинител во Битола и најверојатно по некој човечулец – лигушко во судскиот совет што го толерира да се заебава со предметите што светиот систем АКМИС му ги распределува, за тој да ја има честа да ги квачи предметите во фиока, односно шкаф по 4,5 години. Е сега што е интересно тука? Кога господинот судија ќе добие предмет тој го архивира да си одлежи и почнува да го работи по 1,2 години. Ретко ќе му се згреши да го пушти предметот на одговор на спротивната странка. А кога ќе стигни одговорот на тужба тој не го доставува на адвокатот или странката што ја поднела тужбата, туку така си го чува во фиока. А за закажување на рочиште ич не му текнува, оти побитни му се битолските пичиња, дактилографки, стручни соработнички и волонтерки, па со нив си се заебава, ебава или го ебаваат кој знае, па можи заради тоа си се кљафти ко несалам и за работа ич не му текнува. Инаку може да го забележите со точак по битолските планини, падини и висорамнини и кафани секако. Не е тајна дека батката сега во 2021 година лето господово, тој работи предмети од 2017, 2018 или 2019  година кои сега за првпат ги почнува со работа, а кутри странки си мислат дека адвокатот им е крив. Слободно прашајте кој сакате правник во Битола, ќе ви го кажи истото. Или математички гледано за предмет кај овој судија лепешкар да ја помини целата процедура во прв степен требаат околу 3 години. За по жалба ако оди предметот да не прајме ич муабет, ќе си умрат странките од чекање. Па често луѓето си ги повлекуваат тужбите и наново плаќаат такси за да им се падни предметот кај друг судија. Инаку интересно е уште да се каже дека ако имате увид на лице место со овој судија, ќе ви го закаже наредното судење за по една година со образложение дека предметот е нов и дека има други стари предмети за решавање итн. Катастрофи…

Важно е и да се напомене дека низ годините наназад беа разрешувани судии во Битола за многу поситни работи, а овој абдал никој не го гиба, туку сите си трпат, си трпат, си трпат, додека судскиот совет, а и мустаклијата претседател на судот во Битола си седат на газот и гледаат како овој човек си игра дрндупка со странките, адвокатите, вештаците и други лица вклучени во судските процеси.

Само едно не е јасно, како овој судија поднесува извештаи за решени предмети, кога такви речиси и да нема, а и тие што ги решил се од пред 3,4 години. Како судскиот совет тоа го толерира! Зошто едноставно не го разреши и не го испрати во пичка му матер кај мајка му вишообвинителска! Или адвокатите во Битола немаат мадиња да се справат со овој абдал кабадајчарски или државата ни е ебиветер па остава се така да си стои, да си се ебава однатре. Седиме со еден пријател адвокат и крева раменици, ми вели имал фамилија за гледање

страв му било да се замери со судијата. Јас му велам е затоа ви се сери на главчињата адвокатски, само да си ќутите, ако не ве боли газето.

Има што да се каже и за други судии во Битола, има тука многу приказни: од ебавање помеѓу судии: мажи со жени, мажи со мажи, до примање поткуп, притисоци до странки да ги повлекуваат тужбите, уценување и куропушење по канцеларии. Ех само да знаат ѕидовите судски да прозборат, можеби најарно да си молчат како досега. За други пикантерии во некој друг текст ако овој има интерес редакцијата да го објави.

Авторот е пензионер

 



Македонија

Заболени
252,947
+2,071
Мртви
8,177
+11
Излечени
225,056
Активни
19,714
Last updated: 21/01/2022 - 23:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.