Колумни

Љубчо Георгиевски, творецот на Договорот со Хеленик Петролеум, се појавува на интервју во истиот ден кога се објавува за новата тужба

Која иронија од држава е Македонија. Се појавува Љубчо Георгиевски, творецот на Договорот со Хеленик Петролеум за рафинеријата ОКТА, на ТВ 24 на интервју, во истиот ден кога на вестите објавуваат дека Хеленик повторно ја тужи Македонија и бара отштета од 32 милиони евра.

Во Договорот, кој само ако се прочита се гледа дека е коруптивен, во член 10 стои обврска Македонија до 2000 година да откупува 400.000 тони мазут, а од 2001 до истекот на Договорот (годинава) да откупува 500.000 тони мазут. Иако експертите предупредуваа дека од такви колични Македонија никогаш во историјата ниту имала потреба, ниту ќе има макар ТЕЦ Неготино работи во полн капацитет.

Значи владата на Георгиевски ставила одредба на директна штета на македонските граѓани за која во 2007 година Македонија веќе плати отштета од 40 милиони долари по првата тужба на Хеленик. Пари кои можеа да бидат употребени за болници, училишта итн. Сега следува тужба за “непокриениот период” односно од 2008 година до истек на Договорот бидејќи Македонија, фала на прашање, немала потреби од 500.000 тони мазут за кој Георгиевски со Договорот гарантирал откуп.

Инаку и Светска банка за тој Договор во време на потпишувањето го нарече коруптивен. Сега Хеленик бара нови 32 милиони евра, веројатно ќе се преговара околу нафтоводот кој иако го градеа македонски даночни обврзници, којзнае дали ќе видат некој ќар.

И така творецот на Договорот Георгиевски, дотеран крцка, си часка со новинарот за уставни измени, си поддржува амнестија на колегите политичари, природно, бидејќи самиот ја ужива слободата на непонесување одговорност, а за Договорот и новата тужба поради потписот на неговата влада ни збор. Ни прашање. Ниту една институција до сега не го повикала Георгиевски на одговорност за овој Договор. Ниту до ниво на истрага.

И така во затвори ќе лежат ситни криминалци, граѓаните ќе се тресат на секое пречекорување на дозволен минус и неплатени две сметки, а политичарите и крупните криминалци ќе си уживаат на слобода со милиони, богати и среќни. Кој може да побегне од таа земја нека бега. За жал, таму нема никогаш да има правда, ниту мир.

Ида Протогер – Фејсбук статус



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.