Балкан

Љубчо до Бугарите: Заев беше спремен да ви ги даде овие шест клучни личности, но вие не сфативте

Љубчо до Бугарите: Заев беше спремен да ви ги даде овие шест клучни личности, но вие не сфативте

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, кој деновиве беше спречен во обидот да одржи предавање во Софија, гостуваше во онлајн емисија со бугарскиот новинар Асен Генов.

Притоа, Љубчо ги прекори Бугарите, велејќи им дека Заев се откажал од шест клучни личности и бил подготвен да ги прогласи за заеднички херои на Македонците и на Бугарите, но тоа сепак не и било доволно на Софија и сепак ни ставила вето.

Пред ветото, јас сакав да споделам една мисла со бугарските историчари, но за жал не ме разбраа. Тоа е дека, ако Македонија е согласна да каже дека петте личности се дел од општата историја, а тоа се однесува на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самоил, и имаше уште еден, шести момент, од македонска страна, и претседателот, и премиерот и претседателот на историската комисија спремни беа да кажат дека Гоце Делчев го прифаќаат за заедничка, општа личност на македонската и блгарската историја. Е сега, тоа се шест личности за кои македонската страна пред ветото беше спремна да каже дека се општи личности на двете истории. Јас не знам како членовите на блгарската комисија не можеа да разберат дека ако тоа се објави јавно, тоа ќе биде почеток на еден долг процес за кој нема запирање после. И не знам што очекуваа тие да се направи за да они кажат дека ок, процесот е добар. Јас навистина мислам дека да се каже дека тие шест личности се дел од општата историја е точно како да направите револуција во мислата на обикно..обичниот Македонец, но и на тие што професионално се занимаваат со историја во Македонија. Мислам дека тоа не беше разбрано од блгарската и политика и историја и наместо нештата во тој момент да тргнат во позитивен процес, тие повторно тргнаа за жал.., изјави Георгиевски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.