Колумни

Ловечката Федерација на Македонија е згрозена од писмото објавено во угледниот портал ЛИБЕРТАС

Ловечката Федерација на Македонија е згрозена од писмото објавено во угледниот портал ЛИБЕРТАС,од страна на АНИМА МУНДИ,во кое крајно неинформирани за глобалниот проблем со Африканската чума кај свињите,како и елементарно непознавање на Ловството како значајна стопанска дејност,ги навредуваат ловците со погрдни зборови во стилот: ,,болни умови”, ,,лудаци” и други слични формулации,со класичен тон на говор на омраза! Ловството пред се е одгледување и заштита на дивечот,чиј резултат е неколкукратно зголемена популација на дивечот во целата држава. Оној мал процент што се отстрелува е ,,одгледувачка мерка”,со цел да не се надмине економскиот капацитет на ловиштето и да премине во биолошки капацитет,што значи класична пренаселеност,причинување на штети во земјоделството,како и појава и ширење на болести! Ловечката Федерација бара јавно извинување од АНИМА МУНДИ кон ловците и притоа ги покануваме водечките луѓе на оваа организација да повелат во просториите на Ловечката Федерација во Скопје на едукација,за да друг пат не се бламираат со вакви писма!



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.