КолумниТОП

ЛИЦЕМЕРОТ ОД ЛОЗОВО, БРКА ЖЕНИ ОД РАБОТА, А ЌЕ ЈА ВРАБОТУВАЛ АТИЏЕ ДЕМЕК

Градоначалникот на Лозово се видел со Атиџе и на 12ти Март, шо не и понуди тогаш и вработување и помош? Или убаво дојде момент кога цела јавност и медиуми се заинтересирани за Атиџе па некому му текна да се гледаат на врвот? Не треба да си многу бистар да сфатиш дека на Атиџе треба да и се даде или пензија или субвенција за да остане во природа и да го работи тоа што го сака, а не за сопствен ПР на општината да ја пикаат да работи у општина при тие скандали кои ниеден ПР не ги пере каде истиов овој градоначалник по дисциплински казнуваше жени, па излагаа сиротки плачеа по ТВ за на крај Апелација да одлучи дека неосновано ја избркал таа што е бремена и му ја врати на работа. Со другата жена не знаеме што се деси дали се договорија каде да ги мие шољите пошо и за тоа имала дисциплинска. И сега Атиџе у таа средина ќе ја пикнат, со колеги кои не им прават муабет на тие што не се сакаат со градоначалникот според кажувањата на жртвите на мобинг. А шо ќе прави Атиџе у општина? Она и претходно имаше и трошна куќа и немаше работа, ама сега Оскар е у прашање чекај да удриме еден ПР. Инаку, од местото каде ќе живее Атиџе до Општина Лозово е 1:54 минути пешки според гугл мапс, тоа се 4 часа во денот одење и враќање од работа. Убаво е што ќе и помогнат, сакам да и ја средат куќата и све тоа, но дали е ова со вработувањево правиот начин за да добие пари жената или треба некое друго примање да има не сум сигурна баш…



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.