МакедонијаТОП

ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ДИГНА БЕЛО ЗНАМЕ: СЕ ОТКАЖА ОД КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ КОН СТЕВЧО И АЈДОВАН

ДЕЛОТО ХАРМОНИЈА ЗА КОЕ СЕ ТЕРЕТЕА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАРПОШ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОД ГРОМ ДЕКА СО ЕКИПАТА ДАЛ ПОВЛАСТИЦИ НА БИЗНИСМЕНОТ АЈДОВАН И ПРИВАТНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ПАДНАА ВО ВОДА, НЕСПОСОБНАТА РАДОВИШНКА СЕ ЗАПЛЕТКА НЕ НАЈДЕ ВИНА И ГИ ОСЛОБОДИЛА ОД ОБВИНЕНИЕ…НЕСПОСОБНОСТ! И ТРОШЕЊЕ НА ЈАВНИ ПАРИ ВО БЕЗКОРИСНИ СУДСКИ ПРОЦЕСИ

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА СЛУЧАЈОТ КАКО СДСМОВСКИТЕ МЕДИИ КАКО А1 ОН ГО ПРЕТСТАВУВАА КОГА ВОДЕА ХАЈКИ:

СЈО отвори нов случај наречен „Хармонија“ во кој осомничени се ескпремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и Стевчо Јакимовски како градоначалник на општина Карпош. СЈО ги сомничи за злоупотреба на службената положба, како соизвршители кои прибавиле значителна имотна корист за Приватен Меѓународен Балкански Универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра, на следниов начин:

Од доказите произлегува дека Никола Груевски, поради блиски пријателски врски со лица од Република Турција им помогнал на сопствениците да се стекнат со две градежни парцели на атрактивно земјиште во северниот дел на касарната Илинден, по нереално ниска цена од само 71 денар по м2 ,наспроти предвидената почетна цена од 1400.00 ден по м2.

Имено, Никола Груевски на седница на Владата издејствувал измена на уредбата која се однесува на продажба на државното земјиште, со што била утврдена почетна цена од 61 денар по м2 за јавно наддавање.
Во договор со Никола Груевски, Миле Јанакиевски испратил допис до Стевчо Јакимовски, градоначалник на општината да спроведе постапка за оттуѓување на споменатите парцели по пат електронско наддавање.
Со цел да се минимизира можноста за учество и на други правни субјекти во наддавањето, Никола Груевски предвидел дополнителен посебен услов – учесниците освен акредитација за високо образование, да приложат и несразмерно висока гаранција од 100.000 евра по парцела.

По објавата за јавното наддавање на почетокот на месец мај, Балкански универзитет се пријавува на наддавњето кон крајот на месец мај, но комисијата утврдила и по електрански пат го известила универзитетот дека документацијата не е комплетна и дека не може да учествува.

Во договор меѓу Миле Јанакиевски и Стевчо Јакимовски, градоначалникот некомплетните документи му ги вратил на претставник од Универзитетот, по што употребувајки ја својата службена положба побарал од комисијата повторно да ги прими назад, сега веќе комплетните документи и да му допуштат да учествува на електронската аукција.

На тој начин му овозможил на правниот субјект како единствен учесник на аукцијата да се стекне со две парцели по цена од само 71.00 денар по м2, со што му овозможиле на Универзитетот да се стекне со значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.

Следната година, во ноември, осомничените Никола Груевски и Миле Јанакиевски повторно на Балкански универзитет му овозможиле противправна имотна корист, во износ од 15.951.237,00 денари односно 259.370 евра, а на штета на буџетите на град Скопје и општина Карпош овозможувајки им незаконски да платат 50 % пониска цена комуналии за изградба на објект на споменатите две парцели.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.