Забава

Лила, Маријанчето, Зоки-Фаци… и останатите познати „Инстаграм профитери“ се „фејк инфлуенсери“!? (ФОТО)

Дарко – Влогс тргна да им ги „отвори очите“ на нашите маркетинг менаџери или себе си вратите, па жестоко удри по познатите: Лила, Маријанчето, Зоки-Фаци… и останатите познати „Инстаграм профитери“ се „фејк инфлуенсери“!? (ФОТО)

Стана познат како „чикашкиот камионџија“ кој од кабината зад воланот имаше што да каже.  Дарко Јефремов, или попознат како Дарко – Влогс, наше дете на привремена работа во САД “ кој на македонската јавност и стана познат по тоа што тргна да  ги прави „пуздер“ домашните јавни фаци како на пример: Сергеј Варошлија, Боки13, Тамара, Лила, Зоки -Фаци, Зоран Заев…

Бргу стана Интернет атракција со очигледна имагинација креативно да ги задева познатите, при тоа билдајќи ја сопствената популарност иако не е јавна личност, но и она што на социјалните мрежи стана нова професија, наречена инфлуенсер.

 

И додека некои од македонските ѕвезди помалку или повеќе му се лутеа,  други му возвратија, трети не го есапеа дека постои, неговата популарност на социјалните мрежи вртоглаво растеше, бројот на следбеници постојано му се зголемуваше,  а Влогсот од обичен шегаџија за воланот на камионот, стана познат дарител и хуманитарец. Од новогодишни пакетчиња за сиромашните дечиња од маргиналните групи по скопските улици пред Нова Година, до речиси секојдневни подароци од фирмите или брендовите кои тој ги рекламира, а како што самиот сега вели и нагласува, од тоа тој не профитира.

Едноставно изгледа како да е еден вид современ, „сајбер Робин Худ“ од зад камионџискиот волан, кој има желба, доблест, храброст, елан… да помага или да го подарува она до што доаѓа или го добива како производи од таканаречените „спонзори“ за кои се тепаат, според него, таканеречаните македонски „инфлуенсери“!

Токму до ваков „конфликт на интереси“ или поточно „конфликт на квалификации“ дојде по еден напис во македонските сајтови, за тоа кој е најголемиот од македонските инфлуенсери, односно, кој има најголемо влијание на социјалните мрежи во Македонија?

Веднаш по објавата на написот, остро регираше самиот Дарко – Влогс тврдејќи дека тој не припаѓа во таа, според него таканаречена „фејк инфлуенсерска“ група познати македонски фаци и јавни личности!

Ден-два потоа, одново се јави на своите Инстаграм приказни со појаснување за своето „пишано однесување“, за тоа кој е и што е  тој, што му е неговата цел и намера кога се социјалните мрежи и Инфлуенсерството во прашање.

Патем се обиде одново да појасни, која е разликата помеѓу него и споменатите јавни личности како „божемни“ инфлуенсери и зошто е можеби и единствен во светски рамки?!

Потоа Дарко – Влогс тргна тргна да им ги „отвори очите“ на нашите маркетинг менаџери или себе си вратите, па одново жестоко удри по познатите и нивниот, според него, „фејк имиџ“.

После ваквите наводи и тврдења, останува да видиме дали македонската „инфлуенсерска империја“  од јавни фаци ќе го возврати ударот и кои од нив први ќе му се „втурнат в лице“ на Влогс како камиикази?

Или можеби сите и понатаму „ќе си туркаат и свиркаат“, правејќи се „наудрени“, како „ич мува да не ги лази“?

Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/lilafilipovska



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.