Живот

Лидија Кочовска со насолзени очи ја прозва власта: „Срамота е што никој од Министерството за култура не се појави на погребот на мајка ми“! (ВИДЕО)

Лидија Кочовска со насолзени очи ја прозва власта: „Срамота е што никој од Министерството за култура не се појави на погребот на мајка ми“! (ВИДЕО)

Македонската музичка сцена неодамна остана посиромашна за уште едно големо име, откако нѐ напушти Невена Кочовска.

Пејачката на легендарната македонска група „Мањифико“, позната по нејзиниот моќен, а истовремено нежен глас, беше заштитен знак на овој интернационален бенд кој постигна огромен успех во меѓународни рамки.

Меѓу видните ветски личности пред кои свиреа и пееја, беа и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа тсвирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот.

Невена и Панче Кочовски се и родители на  познатите македонски песестри- пејачки, Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико.

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ одавајќи и почит на оваа македонска естрадна примадона, која воедно беше и професор по пеење, ја покани нејзината помала ќерка Лидија која зборуваше за Невена, но и го искажа сиот свој револт кон државата Македонија, бидејќи никој од Министерството за култура не и одаде почит на нејзината мајка и не се појавил на нејзиното последно испраќање.

Целесното интервју на Лидија Кочовска за „Бекстејџ“ погледнете го во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.