Забава

Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па реши да не биде само Лиде на Венко: Реши поинаку „да вози“, па почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози?

Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па реши да не биде само Лиде на Венко: Реши поинаку „да вози“, па почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози? (ФОТО)

Можеби името Лидија Гиновска на пошироката јавност не и значи ништо, но ако кажете Лиде – Лиде како што се претставува на социјалните мрежи преку кои и стана популарна со своите коментари и објави за министерот за здравство Венко Филипче, по што се претвори во Лиде на Венко, на многумина им е јасно за кого се работи.

Таа не испушташе прилика не само да коментира, туку дури и јавно го повика и покани Филипче на кафе,  со желба за лична средба со него. Во меѓувреме, Филипче на народот му вети вакцини, а Лиде направи своја емисија на Јутјуб, насловена „На кафе со Лиде“, па вети дека во една од првите гостин ќе и биде токму  министерот Венко Филипче!

Средбата се случи, ама не во емисија, туку случајно и на недоговорено, па затоа и беше само блиц средба на која кафето со Филипче изостана, а Лиде тоа не ја задоволи, па на министерот му напиша стихови и песна. Можеби пеењето не и е посилна страна и и’ е „малку тенко“, ама затоа надежта која последна умира преточена во ваквата  идеја мислеше дека и е полн погодок, па така Лиде стана – „Лиде на Венко“ и во песна. А, Венко?  Венко стана член на Централниот одбор на СДС. Ништо ниту од „тета – те“ средба меѓу нив двајца среде пандемија, ниту пак се случи „вакцинална“ хемија!

Но, инфлуенсерската кариера и понатаму мора да се тера, па Лиде, виде – не виде, сврте нова страница.

По се’ изгледа Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па реши да не биде само Лиде на Венко… Се откажа од екс-министерот, па Лиде одлучи поинаку „да вози“ и почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози!

Имено, таа на својот Инстаграм профил тргна да објавува колажи од познати личности кои позираат, па и самата да се фотографира себе си во слични пози и ситуации. Од фографиите се гледа дека не само што одлично се внесува во улогите на познатите фаци од Македонија и регионот, туку на сликите нивната верна копија им додава и свои комични и довитливи коментари и кореографија.

Слободно отворете го нејзиниот Инстаграм и погледнете ја и во вакво издание, за да стекнете ново сознание за Лиде-Лиде, која ветува… дека ќе ја биде!

Лиде – Лиде разголена титова пионерка како Станија,  крај плочките во купатило како Ведрана Ѓорѓевиќ, утрински „шатл – спејс“ како Сара Мејс…

… Или како фитнес инструкторка ала Ана Стојанова…

 

…А може и како мисицата и модел, ала  Кристина Димитриевска…

…Секако и како водителката и пилатес инструкторка Снеже Велков…

…па зошто да не и разголена како модната креаторка Ивана Кнез…

…или моделот и тазе ТВ водителка Вера Мештеровиќ…

… со прекрстено нозе мини фустанче и чизми над колена како задругарката, скопска старлета и „Ред ТВ“ презнтерка на временска прогноза, Елеонора Миљковиќ…

…со мачкта и мобилниот враце божем тие и се „се’, а не само нешто“, како  нашата најпозната водителка Лила Филиповска….

 

…или со пасошот в раце за кидавела, како беровчанката Јела Јелена Спенџарска, исто така ТВ водителка…

… Па потоа со раширени нозе баеги раскомотена, само Лиде седната на клозетска даска, за разклика  од фолкерката Татијана Стефановска…

…И уште еден куп домашни и регионални пејачки, водителки, манекенки, старлети… Списокот е долг, не ги собира сите на порталот, а „копиите“ на Лиде, како што се гледа,  се „верни на оригиналот“!

Фото: Инстаграм принтскрин/lide_na_venko

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.