Македонија

ЛИЧНО ГАРАНТИРАМ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СМИРАМ ДОДЕКА НЕ ИЗЛЕЗЕ ВИСТИНАТА Мицкоски за жртвите од модуларната

Ако очекувате тие луѓе да поднесат оставки, ако очекувате тие луѓе да бидат тргнати, јас ви кажувам дека нема да бидат тргнати, затоа што ја видовте онаа преписка на директорите поставени од СДСМ, во таа една група којашто излезе во јавноста, кадешто еден од нив им вели „Ако падне Венко, паѓаме сите“, рече Мицкоски

Лидерот на опизициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Шења рече дека 14 луѓе загинале во Тетово, а власта уште се мисли за оставките. Тој порача дека лично гарантира дека нема да се смири додека не излезе вистината на виделина.

– Ако очекувате тие луѓе да поднесат оставки, ако очекувате тие луѓе да бидат тргнати, јас ви кажувам дека нема да бидат тргнати, затоа што ја видовте онаа преписка на директорите поставени од СДСМ, во таа една група којашто излезе во јавноста, кадешто еден од нив им вели „Ако падне Венко, паѓаме сите“, замислете 14 луѓе живи изгореа и тие, видете како размислуваат. Што повеќе вие очекувате од тие луѓе, коишто патем речено сите положиле Хипократова заклетва. Апсолутно овој случај нема да биде вака затворен како што е сега и ако мислат тие дека вака ја решиле работава како сега, јас ви гарантирам дека тоа нема така да биде. Јас лично додека функционирам политички нема да се смирам додека вистината не излезе на виделина и тоа им го ветив на семејството коешто го посетив – рече Мицкоски.

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.