Забава

Либертас ја потврди веста на ДоказМ за Оливер, сакал бе завалијата амбасадор да биде па макар и Грујо да му го опне!

Ќе направи ли Груевски и дипломат од Оливер Андонов?!

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, контроверзниот професор Оливер Андонов кој деновиве беше актуелен околу неговата психофизичка работоспособност, можно е, како што се доверил на блиски пријатели, наскоро да стане амбасадор, дознава Либертас.

oliver-andonov1-640x363[1]

– Доколку победиме на изборите имам ветување од Груевски дека ќе ме постави за амбасадор на Македонија во Белград, Србија – се пофалил Андонов на пријатели.

Андонов стана мета на потсмев во јавноста откако беше министер само 14 часа, во кои, како што кажа министерот Оливер Спасовски, потпишал рекорден број решенија за вработување во МВР.

Сопственичката на МИТ Универзитет, Билјана Апостолова обвини дека Андонов кога бил професор на МИТ донел боледување со сериозна дијагноза со која не смеел да биде ниту професор, ниту министер.

Андонов потоа даде изјава во која рече дека не му била одземена деловна способност бидејќи бил сосема психофизички здрав.

Линк до веста во Доказм тука



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.