Македонија

ЛЕТНИТЕ ДИСКОТЕКИ ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА ЗА ОВАА ГОДИНА

😂😂😂 ДИСКОООООО 😂😂😂

Летните дискотеки во Скопје добија дозвола за работа за оваа година, неколку недели откако нивните газди најавија протест, кој потоа беше откажан.

Обединети во иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“, тие им се заблагодарија на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и на министрите за внатреши работи и економија, Оливер Спасовски и Крешник Бектеши, зашто им помогнале да добијат дозволи за работа и со тоа им овозможиле на младите во Скопје да имаат ноќен живот после полноќ.

„Младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и светот да се забавуваат и социјализираат во нормални и безбедни летни ноќни клубови“, велат газдите на дискотеките.

Газдите на летните дискотеки во Градски парк најавија дека ќе протестираат пред Владата на 27 јули, оти ниеден клуб немаше добиено лиценца за работа, велејќи дека е срамота во главниот град да нема никаков ноќен живот за време на летото. Од Министерството за економија им одговорија дека не можат да им се издадат лиценци на клубовите додека не се добие позитивно мислење од Министерството за внатрешни работи. Од МВР пак кажаа дека барањата на клубовите во Градски парк се правно неиздржани, бидејќи немаат сообраќаен проект и имотен лист.

Протестот беше откажан само ден по неговата најава, откако газдите на дискотеките имале средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на која им било ветено наоѓање решение за проблемот со лиценците за работа.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.