Свет

ЛЕСНО Е ДА СИ ПРОТИВ ПОЛИЦИЈА КОГА СИ ПОЛН ПАРИ

За една од најгласните поборнички за кратење на буџетите на американската полиција, и активна американска конгресменка, Кори Буш, неодамна се разбра дека за три месеци платила 70 илјади долари на приватно обезбедување.

Парите се исплатени од кампањата на Буш, и завршуваат кај две компании за обезбедување. Сумата е повеќе од една третина од трошоците што кампањата ги имала во овие 3 месеца, и речиси два пати повеќе од тоа што за истата ставка било потрошено во првото тромесечје од 2021.

Паралелно со овие исплати, Буш, која во Претставничкиот дом на САД доаѓа како демократ од Мисури, беше главен критичар на полицијата во САД и еден од најголемите поборници за кратење на нивното финансирање.

Логиката на ова барање е дека полицијата не работи во корист на народот кој ја плаќа, туку напротив го угнетува, и затоа треба да се намалат средствата за нејзино финансирање.

Според движењето, парите наместо за плати и опрема за полицијата би требало да завршат кај не-полициски форми на јавна безбедност како социјални служби, служби за млади, домување, образование, здравствена заштита и останати сегменти кои според нив се клучни за создавање здрави заедници.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.