ЗанимливостиТоп1

ЛЕШПЕРИ: Покрај Пешевски и Миновски дел од советодавниот тим на Битиќи се и Веле Самак и Никола Поповски

Не само поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски туки и други поранешни функционери и многу професори се дел од иницијативата „За татковината со љубов“.

За нив двајца вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи на Телма не потврди директно, но на прашањето конкретното прашање тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи.

Фактор има сознанија кои други луѓе влегоа во иницијативата освен Пешевски и Миновски кои секако се дел од овој проект. Впрочем се мобилизираат најдобрите познавачи, експерти стопанственици.

Меѓу нив е и Веле Самак, поранешен министер без ресор во Владата со која раководеше Никола Груевски и тоа во времето од 2006 до 2017 година, но и Никола Поповски поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ. Дел од иницијативата ќе биде и Игор Ивановски, професор на Економскиот факултет, Ванчо Узунов, професор на Правен факултет еден од советниците на премиерот, но и Дарко Лазаров, професор на УГД Штип, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на Фактор дел од За татковината со љубов се и професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска и Олимпија Христова Заева. Во проектот е и Горан Рафајловски.

„За татковината со љубов“, што ја иницира Битиќи, е неформално советодавно тело чија цел е во носењето на економските политики да се вклучи и експертската јавност и на тој начин да даде придонес за развојот на земјата. Првиот состанок на оваа платформа се одржа 3 декември, при што на онлајн средбата учествуваа стопанственици, универзитетски професори, економски експерти, претставници на невладини организации, како и поранешни министри, без оглед на политичката ориентација, родовата или етничка припадност.

„Со голема радост денеска ви ја претставувам платформата „За татковината со љубов“, на која заедно со мојот тим работиме од првиот ден.Ја крстивме „За татковината со љубов“ затоа што е токму тоа, обединување и работење за заедничка мисија а тоа е – економска благосостојба на татковината и граѓаните кои живеат во неа. Идејата зад неа е на едно место да се соберат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање… И да претставуваат советодавно тело за економски стратешки размислувања“, напиша тогаш Битиќи на Фејсбук“.

Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, напиша Битиќи.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.