Македонија

ЛДП ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател oд како Ангелка Пеева ги откачи како несериозна партија

Пукаа со два свои предлога па се премислија му се нагузија на Заев по обичај

Либерално – демократската партија ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, кој ќе биде усогласен меѓу партиите на владејачката коалиција, но и со останатите вонпарламентарни партии.  Оваа одлука членовите на Извршниот одбор ја донесоа на вечерашната седница.

За Либерално – демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата.

Во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество.

Од своето постоење до денес Либерално – демократската партија покажала дека државните и националните интереси се секогаш на прво место.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 02:11 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.