Живот

Лазар Бараков ја отвори душата: Како скржав, како поглуп, такви улоги ми даваа, a jaс грејниот сакав ШВАЛЕР да играм

Лазар Бараков, познатиот актер кој најмногу се прослави по улогите во Македонските народни приказни, гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ.

Бараков раскажа дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Стрмица.

„Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.

-Криво ми е кога одам накај моето родно место накај Струмица, најак Подгорието, ќе пресретнам ѓубре. Бог да чува“, беше лут Бараков.

Актерот рече дека е презиситен од Македонските народни приказни, и сега им остава простор на помладите да снимаат.

Бараков на 17 години завршил гимназија и имал желби за многу професии, и некако на брзина се запишал на Академија во Белград.

– Тие гладни години, 72 година, бев само две години во Белград, и потоа заминав за Австрија. Во Виена останав две години, работев разни работи, учев јазици.

Потоа, кога се вратив во Македонија, од носталгија, на моите им беше желба да студирам нешто друго, да студирам медицина. Јас отидов во Софија, и бев примен и на глума и на медицина.“, рече Бараков.

Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.

А јас бев на Медицински факултет само три дена. Ама тоа го чував две години во тајност. Кога разбраа, стариот мој беше пресреќен“, откри актерот.

Потоа зборуваше за времето на старите Македонски приказни, и рече дека секој човек за таква љубов кон работата и за таква екипа каква што тој имал, мислејќи на колегите, може само да сонува.

– Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицови беа на моја сметка.

Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви.

Потоа во емисијата се појави Горан Трифуновски- Пајак од групата „Пеперминт“, која му има посветено песна на Бараков. „Тој е еден прекрасен, добар човек, таков човек нема да планетава.

Го молев Господ да се поклопат коцките, да се сретнам со Лазар како негов најголем фан, и уште плус да снимиме спот“, рече Трифуновски меѓудругото.

– Јас досега не сум видел Лазар да се изнервира за нешто. Позитивен е, не мисли никому лошо. Не се родил таков човек што може Лазе да го изнервира.

Јас сум преблгаодарен што го снимивме овој спот. Тоа за мене беше вистински Оскар“, додаде тој.

За крај Бараков рече дека вреди да се биде актер, но поради народот, не поради материјални добра.

-Фала богу, Бог ми дал три деца, фала Богу да беа 13. Поголемата ќерка е психолог, помалечката е архитект, синот уште лута, уште е студент, работи на себеси, да се најде“, откри Бараков за своите деца.

Фото: Јутјуб принсткрин



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.