Колумни

ЌУТИ ЌУТИ НЕ СЕ ДОЌУТУВА ДИГНИ ГЛАС НАРОДЕ

Сакав да молчам, но молчењето не донесе до тука…
Со месеци пишувам дека македонската држава постои само на хартија, несреќата во Тетово со модуларната болница пред неколку месеци ги потврди сите мои сомнежи дека државниот апарат воошто не функционира.
Сето она што го гледате како административни функции на државата во моментов е инерција од претходно 30 годишно постоење на институциите.
Како носител на фукција имаш права и обрски, но и одговорност кога ќе се случи една ваква трагедија.
Министерот за транспорт и врски пред малку ги потврди наводите на колегите од Дојче Веле дека автобусот кој изгоре во несреќата во Бугарија не било овластено возило за вршење на слободен превоз, односно за превоз на патници што значи дека неажурноста на државните органи и неспособноста на власта да стави ред во дејноста транспорт продолжува по несреќата во Ласкарци.
За трагедијата и одговорноста да бидат уште поголеми, Бочварски изјави дека компанијата „Беса Турс“ имала само четворица лиценцирани возачи. Со оглед на дестинацијата и патот кој тие го минале соогласно прописите во автобусот морало да има барем двајца возачи кои ќе се менуваат.
„Беса Турс“ во Истанбул испратил четири автобуси што значи дека или возачите не се менувале или неовластени лица управувале со автобусите.
Не е се до парите, за наводните „милијарди“ на Груевски илјадници излеговте на улиците…
Се прашувам што ли уште треба да се случи да разбереме дека корумпираноста и нефункционалноста на институциите не чини човечки животи и конечно да се видиме на улица не поради парите туку поради луѓето..
Можно е да е слика од 6 луѓе и пат


Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.