Занимливости

Купување стан во Скопје – што е подобро, стара или нова градба?

Купување стан во Скопје - што е подобро, стара или нова градба?

👁 за 👁🦷 за 🦷…така функционирам скоро 40 години!!!
И знајте дека тие лошо што зборуваат за МЕНЕ, многу сум и помогнал, ама ме заебале, и на своја кожа го почувствувале горе наведеното!!!
Сликата може да содржи: 1 лице, текст кој вели „вчера излегов надвор без маска, и еден што му должам пари многу време ме препозна. луге, носете маски, не си играјте бе... вицови вицодуша задуша z“

Купувањето на стан е една голема, важна и скапа работа во животот на секој човек од која ќе ни зависи квалитетот на нашиот сопствен живот во иднината. За тоа при купувањето на стан  е многу важно да се проверат сите можни фактори кои би можеле да влијаат на удобноста на вашиот иден живот и животот на вашата фамилија.

Но, што е подобро. Да се купи стар стар, и да се реновира или да се купи нов стан, каде што добиваш само клуч на рака и се вселуваш?

Секој со различно искуство, но оно што може да се забележи од коментарите и искуствата на луѓето, е дека далеку се поквалитетни старите станови во градот.

– Дефинитивно СТАРА градба.Имам искуство и со новоградбите и старите. Живеевме една година во нова зграда. На лик преубава. Фасада нова, околу неа паркче абе милина. Тоа беа единствените предности а негативни страни еден куп. Мислам дека не ни постоеја вистински ѕидови, се беше гипс картон. Единствени ѕидови беа на тарасата и од надворешната страна а тие што ги делеа становите еден од друг не. Секој муабет на комшијата му го слушаш. Еве на пример кај нас дома како што ни беше распоредот на собите воопшто не одговараше на тој со комшијата. Ѕидовите на мојата соба беа залепени со ѕидовите на неговата дневна. Многу ноќи не спијав поради неговиот тв и разговори кои што се слушаа како да се кај мене во соба. Исто така поради тоа што беа мн дебели ѕидовите често на кафе си се довикувавме преку ѕид. Можевме да си разговараме преку ѕидовите и тоа беа повишување на тонот. А сега, еве веќе 2 год како се преселивме и имаме стан во доста стара зграда, но за живеење е каде каде подобра од таа новата. Според моето искуство старите згради се доста поквалитетни во споредба со новите, барем јас имам такво искуство.

– Апсолутно стара градба. Не само заради квалитетот на градбата, туку и заради сеизмичкото тестирање кое сите градби до 90-та година мораа да го направат. Од 90-та наваму се е мачка во вреќа. Ако имаш среќа ќе се погоди станот, ако не…

– Ние кога почнувавме да бараме стан мислевме дека е подобро стара градба, но… по некое време, согласно доста консултации со стручни лица искочи дека е подобро нова градба. Старите згради јес да се поцврсто градени, сепак може сериозен проблем да е старата инсталација (зборувам за оние градени пред или непосредно по земјотресот). Вие дури и да ја промените во вашиот стан со комплетно реновирање и комплет промена на инсталација, не може да ја менувате на целата зграда инсталацијата. Ова од повеќе места го имам чуено. Освен некои „стари“ згради од пред 20-30 години (како тие во Капиштец за кои се вели дена се солидни згради во добра состојба во секој смисол).

Еве некои од најважните работи на кои би требале да внимавате и да ги проверите пред да се одлучите:

ОПШТО:

– Зошто се продава станот
– Колку долго се продава
– Дали цената е фиксна или може да се договори

ЛОКАЦИЈАТА НА СТАНОТ:

– Дали околината е тивка
– Дали во зградатата или во близината има кафиќи, дискотеки, некоја фирма или слично
– Загадување (постои ли некоја блиска фабрика, пиварница, зоолошката градина, итн.)
– Дали станот е свртен кон улица или двор
– Каков е сообраќајот на улицата
– Близина до медицинскиот центар, супермаркети, училишта, градинка, пазар
– Близина на јавниот транспорт

ОД КОЈА ГОДИНА Е ЗГРАДАТА:

– Кои градежни материјали  се користеле
– Дали објектот е здрав (без влага, пукнатини предизвикани од слегнување на почвата, надградби, итн.)
– Ако зградата е постара- дали инсталациите во зградата се реновирани и кога

КАТНОСТ:

– На кој кат е станот
– Ако е сутерен- дали тоа е навистина сутерен или подрум
– Ако е на пониските катови дали има влага и доволно природна светлина
– Ако е на најгорниот кат, каков е покривот  (рамен, закосен, поправен или не …)
– Према која страна на  светот гледа станот
– Ако е на приземје или прв кат колку е бучно, дали е нарушена приватноста од
ниски прозорци и дали се обезбедени (прозорци) од провална кражба
– Дали има лифт – големина, состојба
– Дали лифтот оди спратот  каде што се наоѓа станот?

СТРУКТУРАТА И КВАЛИТЕТОТ НА СТАНОТ:

– Колку соби има и која е квадратурата
– Дали има подрум и / или други заеднички простории и каков е режимот на користење на истите
– Дали има шпајз во станот или некоја слична просторија надвор од него
– Дали имате соби кои се од минлив тип (да се влезе во една соба мора да се мине низ друга соба)
– Дали е возможно станот д а се преправи за да се добие повеќе или помалку простор (прозорци, греење …)
– Големината  на малите соби – собираат ли двоен кревет, работна маса, итн.
– Колку квадратни метри од станот се ходници и коридорите и дали е можно да се инаталираат плакари ислично во нив
– Дали е станот во неговата оригинална состојба или е модифициран од страна на сопственикот / реконструирано нешто во него
– Ако постојат тераси – колкави , кон каде гледаат, дали тие влегуваат во квадратурата  на станот
– Дали постојат ролетни  и во каква состојба се
– Какви се  плочките во купатило, кујна, итн.
– Состојбата на патосите: дали тоа е паркет, загреан патос, ламинат или нешто друго
– Состојбата на таваните – има доволно сијалични места
– Кујна – дали тоа одговара на сите потребни, стандарди и дали има доволно  простор за јадење
– Дали кујна и бања имаат природна вентилација или не
– Има ли знаци  на мувла поради кондензација во било кој дел од домот (особено во кујна и бања)
– Дали бањата е доволно голема да собере и машина за перење
– Гардероби и  плакари – ако ги има дали се доволно големи за сместување на вашите работи
– Дали станот има има тро фазна електрична енергија со сопствено броило
– Дали станот имал било какви проблеми со електричните инсталации
– дали станот има доволен број на електрични приклучоци
– Дали станот има  има топла вода
– дали станот некогаш имал било какви проплеми со водоинсталацијата
– Како е притисокот на водата во летните месеци

ТОПЛИНА:

– Каков вид на греење има: на дрво, калиеви печки, термо греење, централно/електрично парно или комбинација
– Ако е централно греење -која грејна површина е пријавена
– Како е добро централното греење во тој дел од градот
– Колкава е месечната сметка за греење (во зима)

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ:

– Дали има некој вид на Спогодба (класичен, со камера)
– Каков вид на телефонска линија (по можност дигитална, не двојно, PCM или FM уреди)
– Дали може да постои ISDN или слично.
– Ддали зградата има кабловска телевизија
– Дали е можно за кабелски интернет во истата зграда

ДОКУМЕНТИ:

– Дали станот е под хипотека
– Дали е зградата под хипотека
– Доказ дека продавачот има сопственост

СОСЕДИ:

– Кои ни се соседи – какви се соседите и каква е ситуацијата со сегашниот сопственик на станот



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 11:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.