ЗабаваТОП

KУМАШИНОТ НА ЗАЕВ СТАНА НОВ ДЕН ДОНЧЕВ, ДИРЕКТОР НА ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО ВО РАЦЕТЕ НА МУХИ

АЈДЕ КУМЕЕЕ ИЗГОРЕ ТИ КЕСЕ. Јаооој А што знае овој од здравство Тоа се прашувам Новинар е, да Ама здравство во Македонија е карцином

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава „Фокус. Според нашите информации, се очекува во наредната недела да се финализираат последните договори.

Тој ќе седне на местото на сега актуелниот в.д директор Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако Ден Дончев си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Зеќири во март 2006 година беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат остана до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде беше уредник на вестите до септември 2016. Тој по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата.

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ

Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска. Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба.

Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги.

Мухамед Зекири во моментов е потпретседател на владејачката СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава.

Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија. Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак.

Македонија

Заболени
25,473
Мртви
874
Излечени
18,047
Активни
6,552
Last updated: 23/10/2020 - 10:26 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker