КолумниТоп3

Куманово вчера потпишале договор за Зимско одржување на улици од снег?! Циц имаш ли акл бе?

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 28/09/2020 - 00:11 (+02:00)
ВРЕДНИОТ ГРАДОНАЧЕЛНИК

Кој вели дека градоначалникот во заминување не работи ништо.
Срам да ги.
Еве сега ги гледам документите за јавни набавки во
Општина Куманово-Дамјановски дооел и убаво се гледа дека човекот баш ВЧЕРА имал бурен и напорен ден.
Значи, ВЧЕРА ( 05 Јануари 2017 ) е потпишан договорот за Зимско одржување на улици од снег и подмразица во Општина Куманово за период 2016-2018 во износ 30.157.437,00 ден.
или ако сакате повеќе во “наши пари” 489 568 евра.
Со омилента фирма на градоначалникот во заминување Друштво за градржништво,проектирање и трговија КАТ-ИНГ ГРАДБА ДОО Скопје 13.978.716,00ден.(226 927 евра ) и
со фирмата Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги КООП ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Куманово 16.178.720,00ден.(262 641 евра ).
Баш ВЧЕРА ( 05 Јануари 2017) известување за склучени договори е испратено до Биро за јавни набавки.
Се е завршено ВЧЕРА кога Куманово беше затрпано од снег а градот парализиран.
Претпоставувам дека градоначалникот во заминување знае дека зимската сезона почнува од 15 Ноември и трае до
15 Март,па поради позицијата која ја има треба да направи се што е потребно зимата да ја дочекаме спремни.
Или тој работи по некој дрг календар па договорот планирал да го потпише пред Велигден.
Зашто кумановската јавност денес да добие информација кој е одговорен(платен) за чистење на улиците.
А прават театар со кризни штабови.
Само едно не ми е јасно !
Дали Зоран Дамјановски-Ракитиќ Циц, градоначалникот во замунување навистина мисли дека никој не следи што работи и како работи Општина Куманово-Дамјановски дооел

Марјан Петрушевски Куманово

фотографија на Marjan Petrusevski
Циц: Земљак овој ли е пут до Визијану?
15894299_10208765835567631_697018001001328934_n
loading...

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker