МакедонијаТОП

КРИСТИНА ГО ОТРУЛА ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: ДЕЧКОТО ВО БОЛНИЦА ЈА ОБВИНИ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА

Кајмакоски во болница, пријавил дека поранешната сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.

МВР објави дека 38 – годишник со иницијали (К.М.) бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

„Вчера во 13,00 часот во полициска станица Центар од Комплекс клиники ’Мајка Тереза’, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во денешниот билтен од МВР.

Поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска, за „А1он“ рече дека не сака да коментира за обвинувањата.

„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, кусо одговори Димитријевска на прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му дала кафе од кое му се слошило и го исклучи телефонот.

Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син

ВАА НЕ Е Е БАНА! КРИСТИНА ПОЗИРАШЕ САМО ПО ГРАДНИК И ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.