КолумниМакедонијаТОП

КРАЖБАТА НА МИЛЕ КРАТЕР!

Фирмата „Кратер“ на бизнисменот Миле Младеновски успеала незаконски да стане сопственик на удел во компанијата СИС ИНВЕСТ ГРУП ДОО на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко вреден 9,5 миилиони евра во ноември годинава преку Налог за извршување, обвинуваат од СИС ИНВЕСТ ГРУП. Објаснуваат дека „Кратер“ веќе има добиено 3,2 милиони евра, пари кои се исплатиле договорно како долг за целиот случај и настанатиот проблем кој впрочем почнува со намерата за изградбата на објект – Офицерскиот дом во центарот на Скопје. Од „Кратер“ не сакаат да коментираат за случајот.

Приказната е од 2016 година кога помеѓу фирмите на рускиот бизнисмен – СИС ИНВЕСТ ГРУП која е носител на одобрение за градба и БАЛКАН ГРУП КОНСТРАКШН ДООЕЛ – кој се јавува во функција на изведувач на работите од една страна и фирмата „Кратер“ на Младеновски, како изведувач на машинска инсталација на објектот, од друга страна, се склучува Договор за деловно техничка соработка со гаранција.

Од СИС ИНВЕСТ објаснуваат дека и покрај сите перипетии и недоследности во случајот за кој тие веќе го исплатиле „Кратер“, сега фирмата на Младеновски станала сопственик на удел во СИС ИНВЕСТ, за што и самиот Самсоненко, како што велат, дознал од промената во Централниот регистар.

Адвокатата Сања Трајановска вели дека „Кратер“ има фактички инсталирано машински инсталации во вредност од 1.088.000 евра, што е потврдено со две машински и економско финансиски судски вештачења, а вредноста на инсталации кои, како што вели, неосновано ги фактурирал и кои не се изведени на лице место во Офицерски дом ниту машинската опрема и инсталации изнесуваат 2.065.000 евра износ што според ена, неосновано го побарува.

„Најверојатно ова е земјата во која секој кој има повеќе моќ и здружени сили од другиот може да го добие она кое го сака, колку истото да е неосновано и незаконски. Така и овој пат. Преку Извршител Никола Богатинов, на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко поради наплата на побарување му се запленува удел во компанијата СИС ИНВЕСТ ГРУП во вредност од 9,5 милиони евра. За истото целосно неосновано побарување и наплата не е доставен Налог ниту е известена одбраната односно адвокатскиот тим на Сергеј Самсоненко кој информацијата ја дознава случајно од направената промена во Централен регистар, вели Сања Трајановска, адвокат.

Објаснува дека фирмата на Самсоненко веќе му платила договорен долг на 199.065.403 милиони денари што е 3,2 милиони евра. Велат дека и овој долг не е фактички ниту реален туку е износ на кој Самсоненко договорно пристапил да го исплати, за како што велат стави крај на целиот случај.

 

Сумата која пред само еден месец е извршена на штета на Самсоненко е 9,5 милиони евра, во удели во фирмата СИС ИНВЕСТ ГРУП. Трајановска вели дека вооедно „Кратер“ ДООЕЛ увоз-извоз Илинден, побарал од извршителот Богатинов, наплатата на побарувањето да се спроведе и со заплена освен на уделите на Самсоненко во „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје во износ од 9.5 милиони евра, така и во фирмата „СИС АВИАТИОН“ ДООЕЛ Скопје на удел во висина од 10 милиони евра, удели кои како што вели, се повеќекратно повисоки од побарувањето на „Кратер“. Тоа според неа е заради неоснована наплата на побарување во вкупен износ од 31.000.000 денари или 505.000 евра.

 

„Тоа е речиси три пати повисока сума од договорената и веќе исплатена сума на „Кратер“ од страна на Самсоненко. Доколку се разгледа целосната документација на случајот никаде „црно на бело“ низ сите договори важечки, неважечки, законски, спогодбени, ниту меѓу редовите на истите не постои извршна клаузула која го поткрепува овој чин на благо речено „грабеж и рекет’’ на бизнисменот кој единствено може да се изведе доколку истиот како во случајот е поддржан од моќните или подобро кажано гладни за моќ лица со различни функции – адвокати, судии, нотари, извршители, бизнисмени – во системот во кој се применува селективна правда и владее и важи се, освен законот и правилата, вели Трајановска.

 

Инаку целата приказна од почетокот па до сега ја следат многу перипетии. Во 2018 година „Кратер“ иако, како што тврдат, не ја инсталирал опремата која ја фактурира во Офицерски дом ги блокирал сметките на СИС ИНВЕСТ ГРУП и БАЛКАН ГРУП ДООЕЛ. По истекот на 45 дена, Кратер поднесува барање за отворање на стечајна постапка единствено за СИС ИНВЕСТ ГРУП – кој е носител на одобрението на градба на објектот.

Во февруари 2019 година поднел предлог за стечајна постапка до Основниот граѓански суд, се назначил привремен стечаен управник и во септември истата година се отворила стечајна постапка врз СИС ИНВЕСТ ГРУП. Од компанијата велат дека целата оваа постапка е проследена со низа неправилности и доаѓа до судски спор на кој упатува стечајниот управник.

Според нивната страна истовремено, фирмите БАЛКАН ГРУП ДОО како должник и СИС ИНВЕСТ ГРУП во својство на гарант платец, поднесуваат тужба за поништување на договорот за техничка соработка и бараат вештачење како на договорот – конкретно печатите и потписите на истиот, но и на работите кои се изведени во „Офицерскиот дом’’ до моментот на запирање на активностите на објектот.

Додаваат дека во 2020 година, Сергеј Самсоненко како физичко лице се одлучил да пристапи кон преговори со „Кратер“, поради отворената стечајна постапка која „Кратер“ ја отворило над СИС Инвест како истата би се запрела и да може да се продолжи со доградба на Офицерски дом, која изградба е запрена бидејќи е отворена стечајната постапка.

Во овој договор за пристапување кон долг со обезбедување на побарување покрај Сергеј Самсоненко како физичко лице, пристапува и СИС БАЛКАН ДООЕЛ, чиј сопственик е исто така рускиот бизнисмен. Преку СИС БАЛКАН ДООЕЛ се дава обезбедување на побарување во имот, а за возврат ,,Кратер’’ треба да даде согласност за запирање на стечајната постапка врз СИС ИНВЕСТ ГРУП. Покрај договорената сума на долг во висина од 119.065.403 милиони денари, во договорот постоела и камата од 31 милиони денари, за која се тврди дека не е законска ама била исплатена. Кон крајот на 2020 година се запира стечајната постапка врз СИС ИНВЕСТ ГРУП,а ,,Кратер’’ го добива износот на договорениот износ и кога се појавуваат првите изгледи за разрешница на случајот

Во јуни 2021 година фирмите „БАЛКАН ГРУП КОНСТРАКШН“ ДООЕЛ Скопје, и „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје го известуваат „Кратер“ дека еднострано ги раскинува  сите заеднички договори, поради незавршени обврски од другата страна и сите договори помеѓу овие две компании се раскинуваат. Сепак во ноември било испратено и новото барање за извршување со заплена на уделите на Самсоненко во двете фирми едниот удел на 9,5  милиони евра на Самсоненко во „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје и другиот на 10 милиони евра во фирмата  „СИС АВИАТИОН“ ДООЕЛ Скопје.

„Овие удели се повеќекратно повисоки од побарувањето на „Кратер, поточно 40 пати повисоки, а заради неоснована наплата на побарување во вкупен износ од 31.000.000 денари или 505.000 евра. Откако побаравме да ни бидат доставени налозите за запленување на удели од страна на извршителот Богатинов, против истите поднесовме приговори за сторени неправилности и незаконитости при извршувањето во постапката за присилно извршување кои приговори Основниот Граѓански суд Скопје ни ги усвои, но „Кратер“ ги обжали, заклучува Трајановска.

Фактор се обиде да добие коментар и објаснување за сите овие тврдења и од фирмата „Кратер“. Оттаму одбија да ги коментираат објаснувањата на Самсоненко и не дадоа изјава.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.