Свет

КРАЈ НА KOBИД?! ГЕРМАНСКИ ЕПИДEMИOЛOГ: “ОMИКPOH ЌЕ ГО ЗАБРЗА КРАЈОТ НА ПAHДЕМИJATА!” ДОСЕГА НЕМА НИТУ ЕДНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, А НЕ ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ!

Додека од една страна, медиумите и владите ширум светот веднаш ја започнаа хистеријата околу новиот омикрoн сoј на кoрoнa вирусoт, најголем дел од експертите прогнозираат сосема поинаков исход и опасност од новата мутација.

Новиот сој на ковид 19, омикрон, би можел да се покаже како божиќен подарок, под услов да предизвикува блага клиничка слика, тврди германски епидемиолог.

Таа изјава доаѓа ден по објавата на јужноафриканските доктори дека засега, најновата варијанта предизвикува полесни симптоми, како главоболка и замор. Исто така, се наведува и дека омикрон не довел до ниедна хоспитализација или смрт!

Сепак, истражувањата сеуште се во рана фаза, очекувано наведуваат од СЗО.

Од друга страна, професорот Карл Лаутербах, епидемиолог со амбиции да биде следниот германски министер за здравство, изјави дека според првичните достапни информации, омикрон би можел да биде божиќен подарок и дури би можел и да го забрза крајот на пандемијата! Тој својот став го поткрепува со тезата дека големиот број на мутации би можело да значи дека вирусот ја оптимизирал својата заразност, па сега би можел да биде помалку смртоносен, додавајќи дека тоа е во склад со начинот на кој се развиваат респираторните вируси.

Уште еден професор ја поддржува оваа теза. Пол Хантер, германскиот експерт за заразни болести, вели дека високото ниво на претходни инфекции со ковид 19, како и вакцинацијата можат да обезбедат заштита од новиот сој. Тоа повторно би било позитивен знак, затоа што би покажало дека мутирана верзија не е потполно непрепознатлива за имунолошкиот ситем на луѓето кои се вакцинирале или го прележале вирусот.

Исто така, вреди да потсетиме дека и истакнатиот македонски инфектолог, д-р Вело Марковски, уште пред година и половина тврдеше дека со текот на времето вирусот несомнено ќе ја загуби својата силина, односно тежината на симптомите кои ќе ги предизвикува кај заразените лица.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.