Македонија

Ковачки: Завршуваат дивеењето и арамилакот на ДУИ

Зошто е нервозата кај ДУИ? Затоа што знаат дека завршува дивеењето и лоповлукот, пишува пратеникот Драган Ковачки.

Како што сè има почеток и крај, така завршува и деценискиот политичко-криминален садизам на ДУИ. ДУИ се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник на наредните вонредни парламентарни избори, затоа што тоа е ставот на народот и во Штип и во Тетово, и во Гевгелија и во Гостивар. Јасно е дека тоа не им се допаѓа на ДУИ и СДСМ затоа што нема повеќе да можат да го делат народот по етничка основа додека истовремено како сложни калуѓери да прават криминали, истакнува Ковачки во Фејсбук статус.

Додава дека јасен и оправдан е стравот кај ДУИ.

Со освоени 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да има заштита за нивниот криминал, како што има сега додека СДСМ им ја администрира Владата. ДУИ знаат дека попуст нема да има, знаат дека пардон и пазар со правдата нема да има. Знаат дека мора да има одговорност и за Ласкарци, и за Тетовската болница, и за Беса Транс, и за обидот за криминал од 900 милиони евра, и за Талат Џафери кој со најпогрдни зборови се заканува на собраниски вработени, како тие да се негови робови, додека пионот Ковачевски сето тоа го оправдува и релативизира демек не слушнал и не видел, потенцира Ковачки.

61 пратеник се потребни за да има одговорност за криминалот. Затоа што народот сака Влада која ќе испорача: право, правда, проекти и просперитет. Народот сака оваа национална катастрофа да запре. Народот бара промени, додава тој.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.