Македонија

Ковачевски: Парно ќе има и овој викенд и цела грејна сезона ќе сечемо шуми ќе се греемо ќе варимо чај и ракија

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура, соопшти на својот Фејсбук профил претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.

-Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, стои во објавата на Ковачевски.

 

За во 19 часот е закажана прес-конференција на вицепремиерот за економски прашања,  Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.