Колумни

Ковачевски, доаѓа пролет, се буди природата, но се буди и народот !!

На крај на краиштата добро е кога премиер ќе започне да мисли, макар и во интервју на Канал5!!

Ковачевски истакна дека изборот на кадровски решенија не треба да се гледа во контекст на за некакво помирување во СДСМ затоа што во партијата не постои никаков конфликт, додавајќи дека има добра соработка со сите претходни претседатели на СДСМ

Димитар Ковачевски „мисли“, немало конфликт во СДСМ!? Мислам дека ваквата мисла на Таче претставува комплетно забегана теза, но нели убаво е да се мисли, посебно кога се применува фоскулата 100 пати искажана лага, претставува еквивалент на вистина, нели Таче???!!!

Би сакале да го запрашаме Димитар Ковачевски, дали изјавите на еден од оснивачите на СДСМ, долгогодишниот претседател на СДСМ Бранко Црвенкоски, немаше никаков ли конфликт со Зоран Заев? Или можеби изјавите на Црвенковски немаат тежина за Таче?!

Што подразбира Димитар Ковачевски-Таче под добра соработка?! Дали добра соработка за него претставува султан систем партија, каде ете тој и двајца негови советници ќе одлучат, а сите останати треба да се поклонуваат?!!

Реалноста е сосема поинаква од она што Димитар Ковачевски-Таче сака да ја прикаже во јавноста !

„Мислам 12 години да бидам премиер. Човек треба да биде амбициозен кога работи, истакна кусо Ковачевски“ ќе истакне Ковачевски во интервјуто за Канал5!! Но добро е да се биде амбициозен, но многу лошо и неубаво е да си болно амбициозен и нарцисуиден, тоа е болест! Крајно дали Димитар Ковачевски ќе биде наредните 12 години премиер или наредните 6 месеци, за тоа не одлучува амбициозниот Димитар Ковачевски, туку народот, оној народ на кој преку глава им се болно амбициозни политичари, патем таков карактер беше и Никола Груевски!

Преземавме одговорност за решавање на предизвиците кои се пред граѓаните, имаме пандемија, енергетска криза…..“но нејасно е како ќе ја разреши Пандемијата со ковид 19, поточно дали Таче со неговиот нов министер за здравство ќе дозволат најнапред целото населенеие да се инфицира, а потоа оној кој ќе преживее ќе раскажува како „амбициозниот“Т аче ја решил Пандемијата ??!! Аман немој многу да решаваш, зошто за кратко ќе го бараат сите „Венко вратисе“, зошто од Министерство за  здравство направивте еднонационална раководна касаба и доволно е 20 еминентни лекарски имиња да ви заминат во приватни клиники, за да доживеете потоп на здравствен систем во Македонија, ама тоа за тебе е Шпанско село…

Може да ти пишувам милион факти за нарцисуидноста, суетноста, безидејноста, корупцијата во редовите на СДСМ, на кој ниту твоите миленичиња во ликовите на Забрчанец, не ќе можат да ве исперат, исто како што може цели флејтони со факти да ви напишеме како никогаш нема да го решите спорот со Бугарија, зошто нов договор од типот „Нивици“ никогаш нема да помини, реприза едноставно нема да има, доаѓа пролет, се буди природата, но се буди и народот !!

Сашо Денесовски Охрид Скај

ТОПЛО Е НА КОПАКАБАНА У МЕКСИКО ПОСЕБНО АКО СИ НА АПАНАЖА ЕМИЛ КИРЈАЗ И ТОПЛИТЕ БРАЌА

Нема достапен опис

(Л)апанажа

Можеби е цртан на еден или повеќемина и текст кој вели „лапанажа ele“

Slavjanka uciteljica

Можно е да е слика од 4 луѓе и текст

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.