Македонија

Ковачeвски: Ајде на избори, народот нека одлучи

Ковачки: Ајде на избори, народот нека одлучи

Димитар Ковачевски и Бујар Османи 6 месеци тајно преговарале за последниот предлог кој стигна во Бугарија и во Македонија. Со месеци е усогласуван предлогот за бугаризација на Македонија и за тоа амин има од Ковачевски и Османи, ова денеска преку прес-конференција го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата прифатила во преговарачкиот процес државата да добие рамка со бугарски условувања, кои практично значат бугаризација на државата и асимилација на народот, доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Предлогот задира во македонското уредување и удира во темелите на државноста. Доколку Ковачевски е толку сигурен во предлогот што го преговарал и договорил, тогаш единствено исправно е тој да распише избори. На тие избори тој и СДСМ ќе го бранат предлогот за бугаризација и ќе сакаат негова имплементација, а ние ќе бидеме против. Па народот нека одлучи. Изборите кои вака би биле распишани би биле референдумски избори, на кои граѓаните ќе имаат јасен избор, или се за предлогот за бугаризација на државата или против. Или со СДСМ државата ќе тоне, или со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја застанеме државата на нозе, вели Ковачки.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека овој предлог е лош за Македонија, и не е заснован на никакви европски вредности.

Ковачевски има уште простор да се предомисли и изречно да го отфрли последниот предлог, без воопшто да преговара дополнително.Овој предлог е неправеден кон Македонија, која 22 години е во чекалната на Унијата, од потпишувањето на Актот за стабилизација и асоцијација, до денеска. На Македонија и треба европска перспектива, која ќе биде заснована на заемна почит, а не на омаловажување, рече Ковачки.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.