Свет

Ковачев: Самуил е бугарски цар, а Прличев е Бугарин, нема простор за компромис

Откако бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов ги разгоре страстите во македонско-бугарските односи, за ова прашање на социјалните мрежи се произнесе и бугарскиот европратеник Анреј Ковачев.

„Македонија треба да биде во НАТО! Треба да се почитува и договорот со Бугарија! Историските избори од минатите векови докажуваат стотици години до 1994 година во географската област Македонија, бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределувале како Бугари! Цар Самуил е бугарски цар на бугарското царство! Григор Прличев е Бугарин! Нема простор за маневрирање, компромис или какво било превртување. Сегашното самоопределување на дел од граѓаните на Република Македонија како Македонци е исто така факт кој треба да се почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци!“, пишува Ковачев.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.