Македонија

Костадинов не е заинтересиран за владина функција во Струмица со Заев ќе се галеле локално

Пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор во седиштето на СДСМ,  Костадин Костадинов, член на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица рече дека не би било принципиелно, да ги шпекулира имињата предложени за членови на влада пред тие да бидат соопштени во телата и органите на партијата.

За својот став тој додаде дека ќе го каже „јасно и гласно и на Извршниот и на Централниот одбор“, а со сигурност останува на ставот дека не е заинтересиран за владина функција.

Прашан од новинарите дали имињата кои се споменуваат се прифатливи за голем дел од членството, Костадинов нагласи дека нема да коментира ништо пред тоа да ги слушне официјално на ИО и на ЦО.

– Јас сум сигурен дека има капацитетност новото лидерство на партијата пред ИО и ЦО да го понуди најдоброто за партијата и за државата во моментов, изјави тој.

Одговарајќи на новинарско прашање какви луѓе и се потребни на оваа влада, Костадинов потенцира дека тоа се луѓе кои ќе бидат посветени исто како што беа посветени и кадрите досега.

На прашањето дали има консензус во партијата, посочи дека затоа се и на Извршниот и на Централниот одбор, за да го постигнат консензусот, нагласи, и да ги изнајдат најдобрите решенија за државата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.