Македонија

Кондовски: Задоволство ми беше во Старата чаршија во Битола да го посетам традиционалниот „Пазар на фармери“ во организација на „Слоу Фуд Битола“

Задоволство ми беше денеска во Старата чаршија во Битола да го посетам традиционалниот „Пазар на фармери“ во организација на „Слоу Фуд Битола“.
Тоа за мене беше прилика, покрај другото, да пробам масло од лешник, уште еден од многуте изложени високо квалитетни производи на локалните производители, кои со многу труд и посветеност ја одржуваат понудата на органска храна.
Им честитам на локалните фармери и затоа што изградија надалеку препознатливи брендови на буковска пипер, мариовски мед, бистрички јаболка, македонско вино и локални млечни производи, кои денеска битолчани можеа да ги дегустираат и купат во рамките на манифестацијата.
Поддршката од локалната самоуправа е меѓу клучните основи уште повеќе да се подигнат стандардите во производството на органска храна, да се прошират капацитетите, граѓаните да имаат поголеми можности да набават квалитетни и здрави земјоделски производи, а производителите полесно да стигнат до своите купувачи.
 


Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:28 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.